Како да ја ублажите иритацијата на нозете по бричењето?
Ако постојано сте во брзање и го користите бричот како сојузник во топлите денови, кога е време за нешто кратко, тогаш овие совети ќе ви користат.
Иритациите не се необична појава веднаш по бричењето на нозете, па за да ги избегнете црвенилата и точките, користете ги овие препарати.
Дел од нив сигурно веќе ги имате дома:
1. Авокадото е богато со витамини и масла кои може да ја смират надразнетата кожа. Намачкајте ја кожата со малку испасирано авокадо.
2. Краставиците исто така имаат смирувачко дејство. Масирајте ја кожата со парче свежа краставица неколку минути. Може и да направите паста од малку краставица и малку авокадо.
3. Втријте мрсна крема од невен. Екстрактот од невен помага при било какви иритации.
4. Измешајте 2 шолји овесни снегулки со шолја ладно млеко, но овојпат не за појадок, туку за маска на нозете и останатите иритирани подрачја.
5. Помешајте 6 лажици мед и половина шолја јогурт. Домашната маска нанесете ја на нозете, оставете да отстои 30 минути, па исплакнете со ладна вода.
6. Растворете 2 аспирини со малку вода за да добиете паста. Нанесете на воспалените делови и оставете неколку минути, додека не се исуши.
М. Д. | Црнобело