Одберете квалитетна заштита од сонце за вашата кожа

Кој е единствениот производ за нега на кожа кој делува веднаш по нанесувањето, а при тоа ја штити вашата кожа, го одржува нејзиното здравје и го минимизира појавувањето на брчки?

odberete-kvalitetna-zashtita-od-sonce-za-vashata-kozha-03.jpg

Се разбира, зборуваме за крема за заштита од сончеви зраци, која повеќето жени ја користат само во летните месеци, иако нејзиниот ефект најдобро се чувствува ако таа се користи постојано. Изборот на вистинската крема со заштитен фактор може да биде тежок, но може да си го олесните доколку знаете каде да барате.

Како што доаѓа летото, а бројот на топли и сончеви денови се зголемува, така потребата за моќна заштита на кожата станува се’ поголема. Колку и да се криете од сонцето, ултравиолетовите зраци неизбежно ќе допрат до вас и се сериозна закана дека ќе предизвикаат штета на вашата кожа. Затоа, потребна ви е моќна нега на кожа која ќе биде пријатна за кожата, за да не ве иритира дополнително.

Подеднакво пријатна при нанесување колку што е ефикасна, Eucerin®Sun Oil Control Гел-крем за заштита од сонце за тело, DRY TOUCH SPF50+ има ултра лесна текстура која кожата ја апсорбира веднаш по нанесувањето и не остава видливи површински траги. Специјалната формула која содржи глициретинска киселина дополнително го поттикнува и регенеративниот механизам, со што вашата кожа побрзо и поефикасно ќе ги обновува горните слоеви и оштетените клетки.

odberete-kvalitetna-zashtita-od-sonce-za-vashata-kozha-04.jpg

Повеќе клинички и дерматолошки истражувања покажаа дека Eucerin®Sun Oil Control Гел-крем за заштита од сонце за тело, DRY TOUCH SPF50+ делува подеднакво добро на сите типови кожа, вклучувајќи и мрсна кожа и кожа склона на акни и иритации. Моќниот заштитен фактор овозможува кремата да се користи во екстремно топли и влажни услови, како што се предвидува дека ќе биде и летото кое следува.

Заштитниот гел-крем се нанесува пред изложување на сонце, а исклучително важно е да се нанесе доволна количина и добро да се протрие низ целата површина на кожата. Откако ќе го нанесете, сметајте дека сте заштитени од штетните сончеви зраци секогаш и секаде, бидејќи тој е отпорен на вода и потење, а бидејќи не остава лепливи траги, ситниот песок нема да се лепи на вашата кожа.

Изборот на соодветна нега е често превиден елемент во подготовките за летото. Не си дозволувајте да експериментирате со креми и гелови со недокажан квалитет само затоа што сакате брзо да обезбедите заштита, бидејќи многу често ваквите производи за нега можат да предизвикаат иритации и штети на кожата. Ова лето, бидете мудри и одберете Eucerin!

Би можело да ве интересира:

Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Дали влакната растат погусти и што друго треба да знаат жените пред да го избричат лицето? Иако кожата може да биде помека, важно е да знаете дека бричењето на лицето не е...
Совети за нега на стапала на студено време + маски што можете да ги направите дома Купката со топла вода, и тоа само неколку минути дневно, може да ви направи знач...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...
Третмани за убавина кои треба да ги направите пред одмор за да изгледате совршено на плажа Депилација наместо бричење и гелни нокти наместо обичен лак – кои третмани ќе ви...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg