Како да ги прикриете белите влакна без да ја бојадисувате косата?
По некое непишано правило, првите бели влакна обично се појавуваа кај луѓе над 30 години.
Но, во последно време, сè почесто се случува бели влакна да се појават и кај помлади луѓе.
За жал, мажите немаат многу опции, но жените секогаш имаат можност да ги прикријат со некоја фризура, без да мора да ја бојадисуваат косата.
Погледнете неколку трикови со кои ќе успеете да ги прикриете белите влакна:
Сменете го патецот
Најчесто белите влакна се појавуваат во делот околу патецот, па затоа за да ги прикриете, некогаш е доволно само да го поместите патецот на друга страна.
Правете плетенки
Ако косата ви е доволно долга, белите влакна може да се прикријат со помош на волуменозни плетенки, но не со обични плетенки.
Ќе треба да се потрудите повеќе за малку повпечатлив изглед и фризура, а плетенката претворете ја во венче.
Користете аксесоари
Ако косата не ви е доволно долга за плетенка или не ви стои, може да почнете да додавате аксесоари како венчиња, траки, впечатливи шноли и марами со кои ќе ги прекриете белите влакна, а ќе се нагласат впечатливите аксесоари.
Правете волуменозни наместо залижани фризури
Избегнувајте да ја залижувате косата и да го истакнувате коренот, па наместо тоа најдобар избор ви е да ја виткате косата и малку да ја разбушавите.
Неколку совети плус за да спречите побелување:
- Ослободете се од лошите навики, како пушење цигари и слично
- Внесете производи од животинско потекло во исхраната заради витамин Б12
- Избегнувајте стрес и наоѓајте начин повеќе да се релаксирате
М. М. | Црнобело