Време е да ги фрлиме – бескорисни козметички производи на кои залудно трошиме пари

Ви недостигаат ли времињата кога имаше само една продавница за козметика и кога изборот се сведуваше на максимум 3 производи? Тоа време е одамна заборавено минато.

Beskorisni-kozmeticki-produkti-na-koi-zaludno-trosime-pari-01.jpg

Денес сме преплавени од козметички производи, а индустријата се служи со паметни маркетиншки трикови, убедувајќи нè дека – сите тие производи ни се неопходни.

Но, вистината е дека не ни се потребни. Немаат практично никаква намена, па време е да заштедиме многу пари и да си ослободиме простор во козметичките торби и плакарите:

Гел за веѓи

Доколку имате премногу густи и разбушавени веѓи, истите може да ги скротите со малку лак за коса кој ќе испрскате на обичната четкичка за „чешлање“ на веѓите.

Тонер за лице

Во одреден период беа толку многу популарни и гарантираа отстранување на секоја можна нечистотија од лицето, но за жал се утврди дека не се премногу темелни во чистењето и денес постојат многу поздрави и поекономични солуции за нега на кожата.

Антицелулитни креми и гелови

Да, сите сакаме да дејствуваат и да го избришеме целулитот како со магично стапче, но никакво мачкање нема да ви помогне, туку редовни масажи, физичка активност, многу вода и целосна промена во начинот на исхраната.

Крема за кутикули

Ваквите изуми за нега на кутикулите содржат витамин Е, масло и пчелин восок и погодете што? Истите состојки (па дури и подобри) ќе ги најдете во балсамите за усни, односно лабелата, што се многу поевтини од ваквите специјализирани препарати за нега.

Слободно одредете едно лабело кое ќе го користите за нега на кутикулите и заноктиците.

Производи за затегнување на порите

Генерално сите се со краткорочно дејство и не прават речиси никаква разлика. Вашата кожа е онаква каква што е, резултат на генетиката и животниот стил кој го водите.

Една посета на козметичар месечно ќе ви помогне многу повеќе со порите на лицето, отколку брдо препарати за таа намена.

Производи за испукани врвови на косата

Секако, сите само го „маскираат“ проблемот на одредено време. Не постои такво магично решение кое ќе ги оживее испуканите суви врвови, освен ножиците кои ќе ги отстранат.

„Анти-ејџ“ шампони

Се чини дека производите со назнаката „анти-ејџ“ или против стареење го преплавија пазарот, а ние неуморно трошиме пари на продукти кои ни ветуваат дека ќе се борат против штетното влијание на стресот, одредени лекови, никотинот и алкохолот или пак недостатокот на витамини.

Кога всушност, сите овие проблеми се решаваат одвнатре во организмот, односно потекнуваат од едноставни приспособувања во исхраната.

Продукти против стрии

Стриите целосно може да се отстранат само хируршки, доколку веќе ги имате. Она што може да го направите е да го спречите нивното првично појавување со навремено користење на хидратантни креми кои содржат витамин Е во својот состав, како и пантенол, хијалуронска киселина, еластин и мента.

Креми против брчки

Секако, со достапноста на производи како ботокс и хијалурон станува веќе јасно дека не постојат шанси за „пеглање“ на брчките со обични козметички производи.

Единствено може да посветите повеќе нега на кожата во младоста, за да го забавите нивното појавување.

Шампон и регенератор за косата „2 во 1“

Анализирано од хемиски аспект, невозможно е да се комбинираат овие 2 производи со оглед на фактот што шампонот е наменет за отстранување на нечистотијата од косата, а регенераторот ја хидрира. Држете се до два посебни производи за соодветната намена.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...
Идеи за фризури со кои ќе ја скриете мрсната коса (ако немате време да ја миете) Опавче со повеќе стегачи, елегантна пунџа, плетенки - постојат многу фризури кои...
Дали влакната растат погусти и што друго треба да знаат жените пред да го избричат лицето? Иако кожата може да биде помека, важно е да знаете дека бричењето на лицето не е...
5 вежби со кои ќе ги намалите брчките и масните наслаги на лицето Овие вежби за лице се лесни за изведување и може да ги правите каде било, а ќе в...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg