Трикови за жените кои не сакаат да трошат многу време и пари на шминка

Колку и да ви звучи нереално, за да изгледате фантастично, не ви требаат многу скапи препарати и многу време поминато пред огледало.

trikovi-za-zenite-koi-ne-sakaat-da-trosat-mnogu-vreme-i-pari-na-sminka-001.jpg

Понекогаш ситните, веќе испробани трикови се она што ви треба за да постигнете подобар изглед.

Благодарение на неколку жени кои сакаат со минимум влог да постигнат максимален ефект, постојат следниве 10 трикови кои ќе го олеснат животот на секоја жена:

Извлечете го максимумот од тврдото моливче, така што ќе го загреете пред да го нанесете.

trikovi-za-zenite-koi-ne-sakaat-da-trosat-mnogu-vreme-i-pari-na-sminka-01.jpg

Измешајте малку бронзер со масло за тело за да добиете златест сјај на кожата.

trikovi-za-zenite-koi-ne-sakaat-da-trosat-mnogu-vreme-i-pari-na-sminka-02.jpg

Нанесете бебешка пудра на трепките, помеѓу нанесувањето на првиот и вториот слој на маскара. Така ќе постигнете ефект на густи трепки.

trikovi-za-zenite-koi-ne-sakaat-da-trosat-mnogu-vreme-i-pari-na-sminka-03.jpg

За суптилни зачадени очи и извиткани трепки ви треба само овој трик:

trikovi-za-zenite-koi-ne-sakaat-da-trosat-mnogu-vreme-i-pari-na-sminka-04.jpg

На црвените акни и точки по лицето капнете неколку капки за очи.

trikovi-za-zenite-koi-ne-sakaat-da-trosat-mnogu-vreme-i-pari-na-sminka-05.jpg

Тие ги смируваат капиларите и го намалуваат црвенилото на кожата. Може да ставите облоги од памук натопен со капки за очи неколку минути пред да почнете да се шминкате.

Идеално исцртани мачкини очи со помош на салфетка:

trikovi-za-zenite-koi-ne-sakaat-da-trosat-mnogu-vreme-i-pari-na-sminka-06.jpg

Бонус: Чистење на сунѓерчето за пудра за 1 минута

trikovi-za-zenite-koi-ne-sakaat-da-trosat-mnogu-vreme-i-pari-na-sminka-07.jpg

Ставете го сунѓерчето во сад со топла вода и бебешки шампон. Ставете го садот во микробранова 1 минута, исцедете и исплакнете.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Краставица против црвенило и 7 трикови за убавина за секоја пригода Стапалата на нозете ви се груби, а турпиите и кремовите не ви помагаат? Треба са...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Дали влакната растат погусти и што друго треба да знаат жените пред да го избричат лицето? Иако кожата може да биде помека, важно е да знаете дека бричењето на лицето не е...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...
Совети за нега на стапала на студено време + маски што можете да ги направите дома Купката со топла вода, и тоа само неколку минути дневно, може да ви направи знач...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg