8 причини зошто усните ви се суви и се лупат
Дехидратацијата, недостигот или вишокот од одредени витамини, консумирањето лекарства се само дел од можните причини.
Речиси сите луѓе во еден миг од животот искусиле сушење и лупење на усните. На некои дури им протекува и малку крв.
Ова е болно искуство, кое најчесто ни се случува кога времето е студено, дува ветер и воздухот е сув. Решението е лесно, редовно нанесување на балсам за усни, но каде лежи коренот на проблемот?
Причини поради кои усните може да ви се суви и се лупат:
Дехидратација
Дехидратацијата се случува кога користите или губите повеќе течности отколку што внесувате.
Вашето тело нема доволно вода за да ги извршува нормалните функции, па влече вода од вашата кожа и ја суши. Ваквото влечење на вода ги погодува усните повеќе од кој било друг реон на кожата од телото.
Лижење на усните
На повеќето од нас реакцијата при појавата на суви усни ни е лижењето на устата. Тоа е голема грешка.
Кога плунката допира до нив губиме влажност и тие уште повеќе се сушат, се иритираат и нè чешаат.
Изгореници од сонце
Понекогаш кога усните си ги чувствувате тврди и испукани, тоа може да е резултат од сонцето. И усните, како и другите телови на телото, може да ви изгорат .
Симптоми за изгорени усни се црвенило, отеченост, чувствителна кожа и пукање. Нанесувајте крема со заштитен фактор и на нив.
Консумирате премногу витамин А
Дневната препорачана доза на витамин А за мажи е 900 микрограми, а за жени 700.
Според некои доктори консумирањето на премногу витамин А води до бројни здравствени проблеми, меѓу кои и иритација на кожата.