Колку е рокот на траење на кармините, маскарите и сенките за очи?
Пролетта е идеално време да го исчистите својот несесер од шминка и козметика на која наскоро ѝ истекува рокот на траење, но и на онаа којашто е неупотреблива во следните неколку месеци.
Почнете ги подготовките за вашиот беспрекорен пролетен стил почнувајќи токму од производите што ги користите.
Започнете со пудрите, подлогите и кремите за тонирање. Во топлите месеци треба да користите полесни производи (или да не ги користите воопшто).
Ако сепак не можете без нив, изберете лесни формули на основа на вода, кои нема да ги затнуваат порите.
Потоа, освежете ја палетата на кармини со пролетни и летни нијанси. Оставете ги темните мат кармини за есен и зима.
Рокот на траење на еден кармин е 6 до 9 месеци по отворањето, па ако наскоро му истекува рокот, најдобро е да не го користите.
Што се однесува до парфемите, нивниот рок на траење зависи од тоа како ги чувате.
Лаковите за нокти имаат подолг рок на траење, а стануваат бескорисни кога се исушени и тешко се нанесуваат.
Во пролетниот период најубаво е да нанесувате живи, но и нежни тонови. На овој начин лесно ќе се присоедините со силните бои на природата.
Исто така, имајте на ум дека маскарите не треба да се користат подолго од 3-4 месеци по отворањето.
Сенките за очи вообичаено имаат подолг рок на траење, но доколку забележите дека се менува структурата, бојата или мирисот, исто така треба да ги исфрлите од вашиот несесер.
С. У. | Црнобело