Практични совети: Заштитете ги парфемите од предвремено „стареење“
Секој козметички производ има свој рок на траење, па така и парфемите. Многу често, несвесно со своите постапки успеваме да го скратиме нивниот век, па по кратко користење тие ја менуваат својата боја и препознатлив мирис.
Правилното чување на вашето омилено шишенце со парфем загарантирано ќе ви овозможи максимално да уживате во мирисот што подолго време, па дури и неколку месеци по назначениот рок.
Рокот на парфемите почнува да тече од моментот кога ги вадиме од оригиналната амбалажа и првпат прснуваме од шишенцето. По тој момент, со тек на време, во шишенцето влегува воздух кој прави промени.
Ваквите надворешни фактори влијаат просечниот рок на траење на парфем да се ограничи на не повеќе од 24 месеци од моментот на првата употреба.
Доколку го чувате парфемот во оригиналната амбалажа и на темно место можете да спречите светлината и топлината да влијаат на хемиската структура на истиот и мирисните ноти да останат непроменети во текот на назначениот рок на траење. Ова особено важи за парфемите во проѕирна амбалажа.
За крај, избегнувајте да ги чувате парфемите во тоалетот. Влагата во воздухот е исто така еден од надворешните фактори кои што можат да го скратат рокот на траење на парфемите.
Бонус совет: Нанесувајте парфем на пулсирачките точки и никогаш не го тријте „рака од рака“. На овој начин ги уништувате молекулите на мирисните ноти. Доволно е само да прснете по еднаш зад секое уво и еднаш на вратот и да уживате во магијата.
С. У. | Црнобело