5 природни трикови за справување со стриите
Од масла до пијалаци, како да ги намалите иритирачките стрии во пределот на стомакот, бутовите, задникот и другите делови од телото?
Стриите се мака речиси на секоја жена, особено по бременоста. Брзото качување и губење на килограми може да имаат сериозни последици на кожата.
Ова може да се случи и поради хормонален дисбаланс.
Нивното комплетно исчезнување не е гарантирано, но барем ублажување на ситуацијата е можно со разни креми, но и со некои природни методи:
Многу вода
Вашата кожа, како и многу други делови од телото, има потреба од вода за одржување на нејзината еластичност и мекост.
Со непиењето доволно вода ја правите кожата подложна на стрии, брчки и белези. Не смеете да си дозволите вашето тело да биде дехидрирано.
Лимонов сок
Ова е богат извор на Ц витамин и ја прави вашата кожа еластична. Лимонот го поттикнува лачењето на колагенот, кој е одговорен за еластичноста на кожата.
Покрај пиењето на лимонов сок, добро е и да нанесете од него на деловите од телото, каде што имате стрии и да оставите да отстои 10 минути. Измијте со топла вода и повторувајте ја процедурата често, сигурно ќе имате видливи резултати.
Алое вера
Ало верата е најдобриот начин за третирање на кожата. Богата е со антиоксиданти, кои го помагаат закрепнувањето на ткивата и ја враќаат силата на кожата. Исто така, помага во продукцијата на колаген и ја прави кожата еластична и мека.
Доколку не сте користеле досега, прво нанесете на мал регион за да тестирате да не имате алергиска реакција и ако немате, ставете на стриите и нека отстои 10 минути, па измијте.
Рицинусово масло
На прва можеби рицинусовото масло ве асоцира на нешто друго, но тоа е одличен лек за стриите. Содржи материи кои се совршени за навлажнување на кожата.
Нанесете го на местата со стрии и нека отстои 20-30 минути. Најдобро е областа за ја стоплите убаво со ќебиња или со топло шише вода за побрзи резултати.
Кокосово масло
Ова е уште едно масло кое прави стриите да исчезнат. Богато е со лауринска киселина, која ја лекува кожата и ги поправа оштетените клетки од неа.
Нанесете на погодените области и оставете така непокриено за кожата да го апсорбира маслото. Ќе ја ублажи состојбата со стриите.
С. С. | Црнобело