7 важни правила кои мора да ги знаете пред да нанесете темен кармин
Темните нијанси се наменети за самоуверени девојки, кои точно знаат што им прилега на нивното лице.
Носењето на темни кармини веќе подолг период е во полн ек.
Но, пред да го земете темниот кармин во рака, мора да знаете некои важни правила од стилистите:
Средете го црвенилото на кожата
При носењето на темна нијанса на кармин црвенилото на кожата и флеките дополнително се нагласуваат.
Затоа пред да нанесете темен кармин прво со коректор добро покријте ги сите неправилности на лицето.
Тестирајте која нијанса ви стои најдобро
Постои огромна палета на нијанси на темни кармини, но според бојата на вашите очи и тонот на кожата одберете што ви прилега најдобро.
Девојките со светли очи нека се држат до темните розови нијанси, додека темнооките девојки до кафените тонови. На бринетите најдобро им стојат црвените нијанси.
Секогаш пробајте тестер пред да купите
Иако, ја знаете нијансата што ја сакате, сепак мора да пробате тестер дали таа нијанса од одреден бренд навистина добро ви прилега.
Најважно е да видите дали карминот ве освежува или прави да изгледате уште поуморно.
Нанесете кармин со четкичка
Темната нијанса кармин може да изгледа неуредно ако не ја нанесувате правилно. Најдобро е тоа да го сторите со четкичка.
Прво направете рамка на устата,а потоа пополнувајте во средина.
Моливот за усни употребете го на крај
Кога ќе завршите со ставањето на кармин, потребно е само да ги дефинирате усните со моливче.
Сторете го тоа прецизно и дискретно.
Заборавете на сјајот
Сјајот на усните не е препорачлив со темните кармини. Задржете го шик мат изгледот и мистичноста.
Носете го самоуверено
Запомнете дека ако не го носите самоуверено темниот кармин, подобро е воопшто да не го ставате.
С. С. | Црнобело