Какви шишки ви прилегаат според обликот на лицето?

Секој кој што имал шишки знае колку нега и внимание се потребни за нивно одржување.

Korisni-soveti-napravete-si-shishki-spored-oblikot-na-liceto-2.jpg

Сепак најважно од сѐ е да можете да определите која форма најдобро ќе му прилега на вашето лице. Вистината е дека шишки не му стојат на секому, сепак не се откажувајте.

Дури и тогаш кога ќе сфатите дека не ви се допаѓа како изгледате со шишки, пробајте да ги потстрижите и наместите поинаку.

Според експертите во оваа област секој од нас има различни коскени структури – квадратни, овални, округли и слично, па затоа пред да му кажете на својот фризер да ги земе ножиците во рака најдобро е да се консултирате во врска со вашата идеја.

Неколку совети кои дефинитивно ќе ви бидат од корист доколку се одлучите за стајлинг со шишки:

Облик на лице: Срце

Шишки: Тенки и слоевити

Риси Витерспун е типичен пример на жена која има лице е во облик на срце и совршено се носи со тоа. На ваков тип на аголна структура на коските најдобро прилегаат тенки слоевити шишки, кои ненападно го покриваат пределот на челото.

Според познатиот стилист Марко Сантини, вака обликуваните шишки помагаат да се омекне целосниот изглед на лицето.

Korisni-soveti-napravete-si-shishki-spored-oblikot-na-liceto-3.jpg

Облик на лице: Правоаголен

Шишки: Заоблени и меки

Одете во насока да ги балансирате работите – доколку обликот на лицето ви е во форма на правоаголник во тој случај најдобро е обликот на шишките да оди во спротивна насока односно тие да бидат заоблени.

Стилистот Сантини смета дака доколку на прави агли одите со прави шишки во тој случај  вашето лице ќе изгледа како кутија.

Korisni-soveti-napravete-si-shishki-spored-oblikot-na-liceto-4.jpg

Облик на лице: Округло

Шишки: Рамни и остри

Користете ја истата логика од погоре, само во обратна насока. Па, така доколку имате заоблено лице најдобро ќе ви прилегаат рамни шишки со остри шпицови кои што ќе паѓаат директно праку страните и совршено ќе ви го обликуваат лицето.

Korisni-soveti-napravete-si-shishki-spored-oblikot-na-liceto-5.jpg

Облик на лице: Овално (со долго чело)

Шишки: Разделени на средина

На луѓето со ваков облик на лице, сите форми на шишки им стојат добро. Меѓутоа постои една разлика помеѓу добро и одлично: должината на челото.

Па, така доколку имате поголемо чело направете патец на средина и разделете ги шишките. На овој начин визуелно ја скратувате таа област.

Korisni-soveti-napravete-si-shishki-spored-oblikot-na-liceto-6.jpg

Облик на лице: Овално (со кратко чело)

Шишки: Супер кратки

Доколку имате кратко чело стилистите препорачуваат да се откажете од шишки бидејќи на овој начин се потенцира помалиот простор помеѓу веѓите и линијата од каде што започнува косата.

Сепак, доколку сте решени за шишки, одете на супер кратка варијанта. Овој стил е шик и нестандарден, па дефинитивно ќе привлечете внимание.

Korisni-soveti-napravete-si-shishki-spored-oblikot-na-liceto-7.jpg

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
4 фризури со шишки кои изгледаат добро на секаков тип коса Овие видови шишки прилегаат и на жени со права, но и на жени со прекршена и кадр...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...
Ивона Јо - девојка на чие лице прилега секоја фризура (фото) Од русокоса со залижана момчешка фризура до бринета со разиграни локни, на цртит...
Три типа на шишки кои ќе ве подмладат по 40-тата година Многу жени се плашат да носат шишки, бидејќи мислат дека нема да можат да ги „од...
Краставица против црвенило и 7 трикови за убавина за секоја пригода Стапалата на нозете ви се груби, а турпиите и кремовите не ви помагаат? Треба са...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg