Едноставни начини како природно да ги намалите брчките на лицето
Многу луѓе низ светот бараат природен начин за да ја направат нивната кожа млада и свежа.
На пазарот се нудат многу препарати за кои се вели дека имаат ефект, но сепак повеќето не сакаат да експериментираат.
Доколку сте и вие од тие кои на природен начин сакате да ја измазните кожата, постојат решенија.
Неколку совети и маски кои ќе ви ги намалат брчките и ќе ја направат вашата кожа совршена и сјајна:
Со цитрусна маска спречете го предвременото стареење
Потребно ви е:
- 1 свеж лимон
- 2-3 лажици мед
- Памук
Подготовка:
Исцедете го сокот од лимонот и додадете го во медот. Ако имате многу нежна кожа, додадете и малку вода.
Начин на употреба:
Нанесете ја мешавината на лицето. Почекајте неколку минута додека се исуши и потоа отстранете целосно со вода. Повторувајте еднаш неделно.
Резултати:
- Свеж изглед и побавна појава на брчки
- Мазна и здрава кожа благодарение на витаминот Ц и Е
- Еластична кожа и младолик изглед заради цитрусното овошје
Природна маска со морков и мед за свеж изглед
Потребно ви е:
- 1 морков
- 2 лажици мед
Подготовка:
Измијте го и исечкајте морковот. Ставете го во блендер, а кога сокот ќе биде готов, додадете мед и измешајте полека.
Начин на употреба:
Нанесете ја маската на лице и оставете 20 минути. Отстранете ја со вода целосно после 20 минути. Повторувајте двапати неделно.
Резултати:
- Здрава кожа благодарение на антиоксидансите
- Намалување на предвременото стареење и појава на нови брчки
Маска со која вратот и градите ќе изгледаат помладо
Потребно ви е:
- 10 ml маслиново масло
- 3 капсули витамин Е
- 3 g вазелин
Подготовка:
Ставете ги сите состојки во сад и измешајте добро. Загрејте го садот така што умерено ќе се загрее и смесата. Оладете. Ставете ја содржината во нов сад.
Начин на употреба:
Нанесете ја кремата на вратот и градите пред спиење, секоја вечер.
Резултати:
- После 2 месеца, вратот и градите ќе изгледаат свежо и младо
- Еластична кожа
Подмладете ја кожата со домашна маска
Потребно ви е:
- 2 лажици овесни снегулки
- 1 лажица мед
- 2 лажици сок од јаболка
- 2-3 капки розова вода
Подготовка:
Ставете ги сокот од јаболка и медот во сад. Стоплете ги во микробранова додека медот не се стопи. Додадете ги овесните снегулки и полека мешајте. Додадете ја розовата вода и повторно измешајте. Оставете маската да се излади.
Начин на употреба:
Нанесете ја маската на чисто лице и врат. Оставете 15 минути, а потоа со млака вода исплакнете го лицето. Веднаш потоа исплакнете со ладна вода.
Резултати:
- Намалување на појавата на нови брчки
- Еластична и мека кожа
М. М. | Црнобело