Топ 5 женски цветни парфеми за оваа пролет

Иако е само февруари, пролетта како да се чувствува полека во воздухот, а тоа значи дека е време за лесни, суптилни, мирисни ноти кои ќе се помешаат со почетокот на првата годишна сезона.

Top-5-zenski-cvetni-parfemi-za-ovaa-prolet-01.jpg

Кој не обожава цветни парфеми? Оваа пролет замирисајте на божур, момина солза, јасмин и тубероза дополнети со цитрусни ноти и ванила.

Кој е вашиот омилен пролетен цветен парфем?

Gucci Bloom

Опишан како прекрасен, класичен, софистициран и привлечен, новиот парфем на Гучи е како создаден за пролет – силна арома на јасмин и тубероза која по првото нанесување завршува сосема пријатно и нежно.

Top-5-zenski-cvetni-parfemi-za-ovaa-prolet (2).jpg

Tom Ford’s Vanille Fatale

Вистински сочен секси парфем како создаден за Денот на вљубените, чија срцевина е ванилата од Мадагаскар која одлично се меша со раскошната арома на махагони, нарциси и франгипани. 

Top-5-zenski-cvetni-parfemi-za-ovaa-prolet (3).jpg

Calvin Klein Eternity

Овој романтичен цветен парфем со свежи цитрусни и ноти на зеленило, продлабочен со суптилен мирис на момина солза ќе го сакаат сите жени кои сакаат чисти отсечни мириси.

Top-5-zenski-cvetni-parfemi-za-ovaa-prolet (4).jpg

Victoria’s Secret Bombshell

Свеж и истовремено сладок, најновиот цветно-овошен парфем на Викторија Сикрет во себе содржи ноти на божур и ванила и е создаден за жени со став кои не се плашат од внимание.

Top-5-zenski-cvetni-parfemi-za-ovaa-prolet (5).jpg

Escada Fiesta Carioca

Парфемите на Ескада со себе носат слобода и леснотија на движење, а Фиеста Кариока не е никаков исклучок со нотите на маракуја и малина, помешани со цвет од портокал и јасмин.

Top-5-zenski-cvetni-parfemi-za-ovaa-prolet (1).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сите нијанси на жолто - Идеи за пролетен маникир Металик или мат, нежна како банана или силно жолта... Која нијанса и стил се ваш...
4 фризури со шишки кои изгледаат добро на секаков тип коса Овие видови шишки прилегаат и на жени со права, но и на жени со прекршена и кадр...
Топ 5 парфеми од ZARA за лето 2024 (и на кои познати мириси потсетуваат?) Кои 5 парфеми од ZARA се идеални за летниот период и на кои скапи дизјанерски па...
„Го открив парфемот на ZARA заради кој мажите ме застануваат на улица за да разговараат со мене“ „Заради овој парфем мажите буквално ме запираат на улица. Неверојатно е“ – девој...
4 најголеми грешки поради кои изгледате постаро отколку што сте Дебелите црни линии околу очите не им стојат на сите. Освен што е тешко да ...
Продукти за убавина кои секоја Французинка ги има во својот несесер Црвен кармин, масло за кожа, маска за очи... Кои се продуктите за убавина со кои...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg