Нега на лицето со коњско масло: Необични корејски совети за убавина кои функционираат

Мазното, бело и младешко лице на Корејките, покрај на гените, се должи и на одличната козметика.

nega-na-liceto-so-konjsko-maslo-neobichni-korejski-soveti-za-ubavina-koi-funkcioniraat-01.jpg

Не е тајна дека во последниве години Јужна Кореја ги остави зад себе европските брендови за козметика.

Азиските убавици постојано ги тестираат најновите чуда на козметиката и жените од целиот свет едвај чекаат овие производи да дојдат и до нив.

Нивните производи се неверојатни, но понекогаш и контроверзни:

Масло од коњ

Во Кореја маслото од коњ се смета за многу корисна состојка во козметичките препарати.  Сличноста на хемиската структура на човековиот и коњскиот себум, овозможува не само навлажнување на кожата, туку и закрепнување на малите рани и лузни.

Коњското масло е навистина популарно кај азиските жени, особено за нега на лицето.

nega-na-liceto-so-konjsko-maslo-neobichni-korejski-soveti-za-ubavina-koi-funkcioniraat-02.jpg

Отровот е најдобар лек

Природните отрови уште од антички времиња се познати како најефективни лекови. Кореја одлучи да се врати на корените, па започна да произведува козметички продукти со отров од пчели.

Тој одлично ги лечи кожните заболувања и има неверојатен ефект во негата на кожата.

nega-na-liceto-so-konjsko-maslo-neobichni-korejski-soveti-za-ubavina-koi-funkcioniraat-03.jpg

Крема од кавијар

Отворете ја тегличката кавијар, па ставете малку на лицето наутро за навлажнување, па навечер за освежување и белеење на кожата.

Се разбира, козметичките продукти со кавијар во Кореја не се 100% природни, но кавијарот често им е главна состојка.

nega-na-liceto-so-konjsko-maslo-neobichni-korejski-soveti-za-ubavina-koi-funkcioniraat-04.jpg

Крема од сирење

Кулинарството и козметичката индустрија повторно се среќаваат. Корејските козметичари направија крема со вистинско сирење која ја подмладува и навлажнува кожата.

nega-na-liceto-so-konjsko-maslo-neobichni-korejski-soveti-za-ubavina-koi-funkcioniraat-05.jpg

Маска од 24-каратно злато

Интересно е и неверојатно луксузно да го покриете лицето со маска од 24-каратно злато. Веќе и светските ѕвезди ја пробаа кралската процедура.

Оваа маска има бројни позитивни ефекти, но и ограничувања за употреба.

nega-na-liceto-so-konjsko-maslo-neobichni-korejski-soveti-za-ubavina-koi-funkcioniraat-06.jpg

Маска со крв

Маската со крв се нанесува пред спиење и се измива од лицето наутро. Се користи за зачувување на свежината и белината на лицето. Има одличен ефект против брчките.

Уште позабавно е што на пакувањето пишува дека крвта е од змеј. Интересно, зарем не?

nega-na-liceto-so-konjsko-maslo-neobichni-korejski-soveti-za-ubavina-koi-funkcioniraat-07.jpg

Козметичко нуркање

Корејките имаат трик наречен „Jamsu“, кој е метод за совршено мазна, кадифена кожа, како и за подобрување на издржливоста на шминката. Откако ќе ја нанесете основата, на пример коректор и течна пудра, неопходно е на лицето да ставите бебешка пудра во прав и да нурнете 15-30 секунди во студена вода. Избришете го нежно лицето со чист пешкир и имате подлога, која ќе ви стои на лицето и ќе му дава свежина во текот на целиот ден.

Мислењата за овој трик се поделени, па најдобро е да пробате и сами да одлучите.

nega-na-liceto-so-konjsko-maslo-neobichni-korejski-soveti-za-ubavina-koi-funkcioniraat-08.jpg

Пластичната хирургија како тренд

Во Јужна Кореја пластичната хирургија е во тренд, па, колку и да е тешко да замислите, родителите им подаруваат ваучери за пластични операции на децата уште во тинејџерските години.

Кога ќе ги погледнете фотографиите „пред“ и „потоа“ на некои луѓе од Кореја разлика е толку голема, што е дури застрашувачко.

nega-na-liceto-so-konjsko-maslo-neobichni-korejski-soveti-za-ubavina-koi-funkcioniraat-10.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...
Дали влакната растат погусти и што друго треба да знаат жените пред да го избричат лицето? Иако кожата може да биде помека, важно е да знаете дека бричењето на лицето не е...
5 вежби со кои ќе ги намалите брчките и масните наслаги на лицето Овие вежби за лице се лесни за изведување и може да ги правите каде било, а ќе в...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
Популарни митови за нега на кожа од Инстаграм и ТикТок (кои можат да бидат и штетни) Не ви требаат 10 продукти за нега на кожа и ако некој продукт ви предизвикува ир...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg