Ретро совети за убавина со кои секогаш ќе изгледате негувано

Секој ден сме преплавени со нови трендови и трикови за убавина. Но, покрај модерните совети, не треба да заборавиме и на оние „старовремски“.

retro-soveti-za-ubavina-so-koi-sekogash-kje-izgledate-neguvano-01.jpg

Понекогаш и советите кои ни ги даваат бабите, кои можеби звучат смешно во моментот, имаат голема корист во грижата за убавина.

Па, доколку сакате да пробате нешто ново, а сепак старо, обидете се со следниве трикови:

Трикови за коса

1. Ако косата (посебно на русокосите) има зеленкаста нијанса, сокот од доматот може да ви помогне. Нанесете го низ цели прамени како маска и почекајте 10 минути. Црвениот пигмент ќе ја неутрализира зелената нијанса и косата повторно ќе изгледа прекрасно.

retro-soveti-za-ubavina-so-koi-sekogash-kje-izgledate-neguvano-02.jpg

2. За да се справите со првутот, искористете го аспиринот. Искршете две таблети и додавајте ги во шампонот на секои 2 недели.

3. Осветлување на косата може да се постигне и без користење на фарби, туку како што веќе сигурно ви е познато, со лимон и камилица. Истурете 25 g камилица во чаша зовриена вода и оставете 1 час.

Потоа додадете сок од половина лимон и нанесете на косата по должина. Оставете да делува најмалку 1 час и исплакнете.

retro-soveti-za-ubavina-so-koi-sekogash-kje-izgledate-neguvano-03.jpg

4. За косата да ви биде мазна, сјајна и здрава, по миењето, истријте ја со јаболков оцет и вода.

За здрава и сјајна кожа

5. Ако под очите ви се појават темни кругови, ставете компир исечен на половина врз потемнетиот дел. За 15 минути кожата ќе изгледа посветло.

retro-soveti-za-ubavina-so-koi-sekogash-kje-izgledate-neguvano-04.jpg

6. Од црнките на лицето можете да се ослободите со едноставен природен рецепт. Измешајте 1 лажица мед, брашно и вода, нанесете од смесата на памук и држете 10-15 минути на проблематичното место.

7. За ослободување од акните ќе ви помогне алоето. Листот пресечето го на пола и зацврстете го со фластер врз проблематичното место. Алоето има антисептичко својство, па воспалението брзо ќе помине.

retro-soveti-za-ubavina-so-koi-sekogash-kje-izgledate-neguvano-05.jpg

8. За акните исто така помага и лимонот. Сокот од лимон измешајте го со вода во еднакво пропорционални количини и нанесете врз проблематичното место. Антибактериските својства на лимонот помагаат во подобрување на кожата преку ноќ.

Бонус трикови

9.За парфемот да ви биде потраен, чувајте го во фрижидер.

retro-soveti-za-ubavina-so-koi-sekogash-kje-izgledate-neguvano-06.jpg

10. За да не претерате со мирисот на едно место, ставете парфем на чешел и поминете со него низ косата.

11. Зглобовите ќе ви помогнат да најдете најдобра нијанса на руменило. Стиснете ја кожата на внатрешната страна на зглобот на раката и бојата на поцрвенетата кожа е бојата на руменило која најмногу ви одговара.

retro-soveti-za-ubavina-so-koi-sekogash-kje-izgledate-neguvano-07.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
7 работи кои прават да изгледате постаро отколку што сте навистина Темен лак за нокти кој ви ги нагласува несовршеностите на рацете и прстите, обле...
Трикови што ги користат славните дами за беспрекорен изглед на црвениот тепих Носат чорапи за компресирање, долна облека што затега, но и перики – што сè прав...
Третмани за убавина кои треба да ги направите пред одмор за да изгледате совршено на плажа Депилација наместо бричење и гелни нокти наместо обичен лак – кои третмани ќе ви...
Краставица против црвенило и 7 трикови за убавина за секоја пригода Стапалата на нозете ви се груби, а турпиите и кремовите не ви помагаат? Треба са...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg