Ефективна масажа која ќе ви помогне да се ослободите од целулитот
Ладните денови не треба да значат дека ќе го запуштите својот изглед и грижата за телото.
Најчест проблем кај девојките е целулитот и борбата со него, но за да го отстраните, многу често не ви се потребни скапите антицелулитни масажи во салоните.
Постојат ефективни масажи кои можете сами да си ги правите дома и вреди да ги пробате – во секој случај е подобро тоа, отколку ништо да не правите.
Погледнете ги двете опции за масажа кои ќе ви помогнат да се ослободите од целулитот:
За масажата ви е потребно:
- Четка со природни влакна
- Пилинг со големи гранули
- Масло за тело
- Силиконски вендузи
Со масажата мора да бидете многу внимателни и не треба да предизвикате модрици на телото. Избегнувајте го делот под колената и внатрешниот дел на бутовите.
Прва опција
1. На сува кожа нанесете пилинг и мачкајте го од доле нагоре.
2. Со дланката и палецот правете движења на проблематичните делови како на фотографијата.
3. Нанесете го маслото и ставете ја силиконската вендуза на кожата правејќи кружни движења од доле нагоре по кожата и обидете се да ја издржите болката. Сепак, не претерувајте бидејќи не треба да се појават модрици.
4. Повторно поминете со раце како во вториот чекор. Оваа масажа можете да ја правите 3 пати неделно, по 10 минути.
Втора опција
1. Пред туширање, поминете ги проблематичните делови на сува кожа со сува четка, правејќи кружни движења од доле нагоре во насока на часовник.
2. По туширањето, нанесете масло на телото и масирајте ги проблематичните делови.
Редовното повторување на ваквите типови масажа ќе ви помогне да постигнете одличен резултат и да имате прекрасно тело и мазна кожа.
Би го пробале ли овој метод за кој се вели дека по 1 месец се постигнува неверојатен резултат?
М. М. | Црнобело