Кармините во темни нијанси – хит за есен/зима 2017-2018 (фото)
Темните усни ќе го одвлечат фокусот од недостатоците на вашето лице затоа што сите ќе гледаат во нив.
Кармините во темни нијанси се најголемиот тренд за убавина за есен/зима 2017-2018. Овие кармини се интензивни, прават да оставите впечаток и ви даваат малку вамп изглед. Едновремено прават вашите усни да изгледаат одлично.
Палетата оди од кафено до бургунди, сè функционира сè додека е темно и моќно.
На последните модни ревии на светските дизајнери моделите имаа токму вакви усни - храбри и агресивни. Некои одеа на сјајна варијанта, некои мат, па и вие одлучете се зависно од тонот на вашата кожа. Исто така, треба да знаете дека тенките усни изгледаат поголеми со сјај.
Со темните кармини задолжително е да ја исцртате устата со моливче за усни во иста боја за да немате прелевање на карминот отстрана.
Ајде уште вечерва сите нека се фокусираат на вашите усни. Еве неколку идеи за совршени нијанси за есен/зима 2017-2018 од модните ревии:
С. С. | Црнобело