Доказ дека не ви треба многу шминка за да изгледате убаво (фото)
Колку шминка им е навистина потребна на жените? Мора ли секој ден да ставаат моливче, ББ крем, ЦЦ крем, коректор, бронзер, и што ли уште не за да изгледаат привлечно?
Сите тие производи кои козметичката индустрија секојдневно ги промовира помагаат, но нема потреба да се претерува со нивно користење. Истиот изглед ќе го постигнете и со многу помалку производи.
27-годишната Луси Тарнер од Лондон направила мал експеримент на оваа тема. Таа се нашминкала со 20 козметички производи кои ги има во нејзиниот несесер.
За овој изглед, на Луси ѝ биле потребни:
- прајмер
- ЦЦ крем
- крем за стробинг
- коректор за подочници
- коректор за нос и брада
- anti-age прајмер
- ЦЦ корективен крем кој ги покрива недостатоците
- ЦЦ корективен крем – зелен
- ЦЦ корективен крем – розов
- минерална пудра
- хајлајтер
- комплет за контурирање
- моливче за веѓи
- моливче за очи
- гел за веѓи
- маскара
- моливче за усни
- сјај за усни
- балсам за усни
- фиксатор за шминка
Резултатот од првиот дел од експериментот:
За вториот дел од експериментот, Луси се нашминкала со само 5 производи:
- ЦЦ крем
- минерална пудра
- маскара
- сјај за усни (кој го нанесе на усните и на образите)
- моливче за веѓи (кое го нанесе на веѓите и на очите)
Еве како изгледа Луси нашминкана со 5 производи:
Ако ги споредиме двете фотки, речиси и да не постои никаква разлика помеѓу нив.
Ова е уште еден доказ дека декоративната козметика постои само за да ги нагласи убавите црти или да ги поправи малите недостатоци на лицето.
Секако дека за вечерни излегувања или важни настани дозволена е малку понападна шминка, но за секојдневен изглед поважно е кожата да се негува со маски, пилинзи и креми, кои најдобро е да бидат на природна база, за да се постигне свеж и привлечен изглед.
М. В. | Црнобело