Златно правило за средување на веѓите кое мора да го научите
Добро средените и обликувани веѓи може многу да сменат во изгледот на секоја жена.
Затоа е најдобро ова да го препуштите во рацете на професионалните козметичари кои точно ќе знаат каков облик е најдобар за вашето лице.
Но, дури и ако редовно ви ги средуваат во салон, сепак често е потребно во меѓувреме и вие да исчупкате по некое влакненце кое е вишок за постојано да имате совршен изглед.
А, за тоа е важно да го знаете единственото и основно правило за ублажување на болка и спречување брзо растење на влакненцата.
„Влакненцата треба да се лизгаат по кожата, а тоа ќе го постигнете само ако ги скубете во насоката во која растат. Избегнувајте силно вадење и повлекување на влакненцата, бидејќи тоа може да предизвика и поткожни влакна.“ – советува козметичарката на славните, Суман Јалаф.
Добро е да знаете и дека веѓите многу полесно ќе ги исчупате ако тоа го направите веднаш по туширање, бидејќи тогаш порите се поотворени, а влакненцата помеки.
Не заборавајте дека светлината на која се средувате не треба да биде пресилна, бидејќи така ќе го видите буквално секое влакненце на лицето и може да претерате со отстранувањето, што ќе доведе до лош изглед.
М. М. | Црнобело