Споени веѓи - тренд кој не сакаме да се прошири (фото)
Густите, споени веѓи можеби биле симбол за убавина во Античка Грција, но во модерното време тоа никако не се смета за привлечно.
Сепак, моделот со грчко потекло, Софија Хаџипантели го враќа овој тренд преку своите фотки на социјалните мрежи.
Со повеќе од 54.000 луѓе што ја следат, оваа девојка редовно споделува фотки на кои во прв план се нејзините густи веѓи што се спојуваат во една.
Се чини дека на луѓето им се допаѓа овој тренд, па таа секојдневно добива пофалби за својот уникатен изглед.
Во изјава за Harper’s Bazaar, Софија рече: „Не го правам ова за на луѓето да им се допаднат моите споени веѓи. Го правам за да им докажам дека во животот треба да го следиш твојот избор. Јас лично сметам дека поубаво изгледам вака. Некои не се согласуваат и тоа е во ред “.
М. В. | Црнобело