5 лаги кои жените не сакаат да ги слушнат на фризер

На мноштво дами им е познато сценариото. Влегувате во салонот - полни со надеж, подготвени за нова фризура и имате идеја како да изгледа. Два часа подоцна, излегувате фрустрирани и лути, а посиромашни.

5-lagi-koi-zhenite-ne-sakaat-da-gi-slushat-na-frizer-1.jpg

Малите невистини, или благо кажано, слаткоречиви фрази, кои фризерите неретко им ги говорат на своите клиентки, на сите нам ни одѕвонуваат во ушите. Зошто нѐ лажат?!

Петте лаги кои жените дефинитивно не сакаат да ги слушнат на фризер се:

1. „Ќе ги скратам само врвовите!“

Апсолутно сте сигурни дека тоа го рекол, а за што може да посведочи и цел салон (но се плашат, бидејќи сѐ уште имаат боја на главата). Купот коса на подот веќе досегнува до  глуждовите, па ви е крајно сомнителна, но фризерот и понатаму тврди дека се само ги крати врвовите.

На крајот, кога косата е веќе осушена, со солзи во очите ги гледате своите шишки, кои завршуваат 10 сантиметри над веѓите. Боли!

За да ја избегнете таквата ситуација, замолете го фризерот, прецизно и со два прста, да ви покаже колку точно коса наумил да потстриже. Доколку сака да шиша повеќе, тогаш преговарајте. Ќе ја избегнете траумата.

5-lagi-koi-zhenite-ne-sakaat-da-gi-slushat-na-frizer-2.jpg

2. „После шишање, косата и онака побрзо расте.“

Во просек, косата расне по 0,35 милиметри дневно, без оглед на тоа колку често ја потстрижувате, колку драстично ќе ја скратите, или, пак, на какви сѐ третмани ќе ја подложите.

Затоа, следниот пат кога фризерот ќе се обиде да ве смири со оваа лага, само затоа што повторно ви скратил премногу коса, „замавнете“ му пред нос со таа конкретна бројка.

За жал, ова нема да ви ја продолжи косата, но барем ќе имате нешто паметно да кажете во своја одбрана.

5-lagi-koi-zhenite-ne-sakaat-da-gi-slushat-na-frizer-3.jpg

3. „Само така изгледа, бидејќи косата е мокра.“

Ако прамените се со сомнителна портокалова боја, а крајниот резултат требало да биде чоколадно кафеава нијанса, тогаш дефинитивно нешто не е во ред.

Поради тоа, штом дејството ви се причини чудно, најдобро е уште веднаш да поставите прашање што се случува. Колку подолго се колебате да интервенирате, толку е поголема веројатноста дека истото ќе го направите предоцна.

Па, низ улиците ќе шетате со премногу портокалова, истанчена, кратка или кадрава коса. А, доколку сте очајни поради тоа што го гледате во огледалото, тогаш кога вашата коса е веќе сува, обидете се со фризерот да пронајдете решение.

Одново нека ве потшиша, или што и да треба?!

5-lagi-koi-zhenite-ne-sakaat-da-gi-slushat-na-frizer-4.jpg

4. „Ова можеш и сама дома да си го направиш.“

Не, не може. Драги фризери, сфатете дека клиентките не можат! И никогаш нема да можат. Кога тие ќе ги земат четката, пеглата, витлерите и гелот за коса во свои раце, тоа никогаш не испаѓа добро во домашни услови.

Или, ниту приближно добро како во салон. Заради тоа, ним им треба поедноставна фризура, или, пак, отворено да кажете дека ќе им направите генијална фризура, што ќе ја имаат по три дена на секои два месеци – кога ќе навратат кај вас во салонот.

5-lagi-koi-zhenite-ne-sakaat-da-gi-slushat-na-frizer-5.jpg

5. „Нашите производи се подобри.“

Не се сомневаме. Ама, недостасува продолжението „па затоа се многу поскапи.“ Вистина е дека фините и квалитетни производи за коса, некогаш можеше да се купат само во малку подобрите фризерски салони.

Сега, пак, шампоните без силикони и парабени, може да се набават и во дрогериите, за многу помалку пари.

5-lagi-koi-zhenite-ne-sakaat-da-gi-slushat-na-frizer-6.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бојата на коса „розово злато“ ќе им биде опсесија на девојките оваа есен 2024 (фото) Ако сте подготвени за експериментирање, овој тренд ќе го дочекате со ширум отвор...
5 забавни идеи за син маникир, идеален за студените зимски месеци Син маникир што се прелева - Хит оваа сезона е сината боја што ќе се прелев...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...
18 тренди фризури за кратка коса според обликот на вашето лице Дали имате овално, тркалезно или лице во форма на срце? Според формата на лицето...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
5 летни фризури кои веднаш ќе ве подмладат Понекогаш треба само малку храброст да ја замените фризурата што ја носите со го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg