Најголема љубов треба да ви биде пудрата во прав: Трикови за убавина од Бела Хадид
Бела Хадид е еден од најбараните модели на денешницата. Со својата беспрекорна фигура и лице кое ги рекламира најдобрите козметички брендови во светот...
Со својата беспрекорна фигура и лице кое ги рекламира најдобрите козметички брендови во светот, Бела за кратко време една од најпопуларните девојки во светот на модата.
Ние ви ги откриваме нејзините ритуали за нега и убавина кон кои се придржува за секогаш да изгледа прекрасно:
Подгответе ја кожата
„Обожавам маски за лице. Тие се тајната на убавиот изглед на мојата кожа. Со оглед на мојот распоред, времето кога ставам маска ми е време за себе. Кожата ми сјае и благодарение на нив го постигнувам оној „no filter“ ефект“.
Очите се најважни
„Кога станува збор за шминката, секогаш сакам да ги нагласам очите. Мој совет е да користите виткач за трепки – ќе забележите огромна разлика. Омилена маскара ми е Diorshow Pump ‘N’ Volume, бидејќи ми ги прави трепките многу долги.“
Спас за Т-зоната
„Имам нова љубов во животот – пудра во прав. Претходно не ни користев, а сега ја носам секаде со мене. Со пудрата во прав ги „матирам“ Т-зоната, челото или носот, во зависност од тоа каде има потреба. За совршен изглед на кожата, пудрата ја нанесувам со блендер (сунѓерче) за пудра“.
Мала доза на секси
„За вамп изглед, додавам мачкеста црта со туш или моливче за очи во кафеава или црна боја. А, кога сакам нешто малку поинакво, додавам малку боја. Мојата омилена боја на моливче за очи е кобалт сина. Забавна е и одговара на сè“.
Инспирација од ѕвездите
„Моите икони за убавина се Индија Лав и Ријана. Ме инспирираат со нивната облека и убавина. Сакам да ги гледам и профилите на моите фанови. Има толку прекрасни жени на Инстаграм. Затоа и го сакам“.
М. В. | Црнобело