10 природни начини како да израснете долги и густи трепки за 1 месец
Алое вера
Алое верата е одлична за трепките бидејќи содржи состојки кои ги негуваат и зајакнуваат.
Земете едно ливче алое, исцедете неколку капки и нанесете ја течноста врз трепките. Оставете ја да делува во текот на ноќта и измијте ја сабајлето.
За зголемување на ефектот измешајте алое вера со неколку капки маслиново или рицинусово масло.
Масажа
Помага во подобрување на циркулацијата, а со тоа нормално се стимулира и растот на трепките.
Измијте ги рацете и нанесете неколку капки маслиново или кокосово масло на врвовите на прстите. Масирајте ги очните капаци, долните и горните трепки со благи кружни движења 5 минути дневно. Повторете ја процедурата неколку пати неделно.
Маска од јајце
Јајцата содржат биотин и витамини од Б групата кои помагаат во растење и издолжување на косата и трепките, а истовремено ефикасно се борат и против нивното опаѓање.
Измешајте едно свежо јајце со 1 голема лажица глицерин или вазелин. Нанесете ја смесата на трепките, и внимавајте да не ви навлезе во очите.
Употребувајте ја оваа маска за очи 3 пати седмично во рок од неколку месеци.
Миење на трепките
Ако заспивате со маскара на очите тоа е исто како да имате напрскано лак за коса врз нив. Тоа значи дека наместо слободно да дишат, трепките ќе ви бидат укрутени, а контактот со перницата дополнително ќе го оштети.
Внимателно извадете ја шминката од очите пред спиење, до најмалите остатоци и парченца маскара.
Употребете средство за очи кое е нежно и благо по составот и дополнително ќе ги негува, наместо да ги исуши трепките.
Одмор од шминка
Маскарите кои се водоотпорни содржат состојки кои дополнително ги сушат трепките и ги прават поподложни на оштетувања.
Оставете ги очите да се одморат барем 1-2 неделно, односно одолејте ѝ на шминката. Без никаква грижа на совест фрлете ја маскарата постара од 6 месеци со цел да избегнете очна инфекција или паѓање на трепките од стара и засушена маскара со поминат рок.
Неколку совети плус:
- Внимавајте да не ги повлечете трепките со виткачот за трепки. Употребувајте го само доколку сте вистински вешти и знаете што правите. Во спротивно имајте на ум дека корените на трепките се прилично кревки, па дури и најмалото потегнување со виткачот ќе предизвика паѓање на трепките.
- Ниту еден метод и совет нема да даде резултат преку ноќ. Првите резултати може да ги очекувате за најмалку 2 недели, колку што е и потребно да се стимулира и забрза растот на трепките. Бидете трпеливи и истрајни, како што споменавме на почетокот.
- Дневната рутина и грижа за трепките може да направи разлика против надворешните фактори, но имајте предвид дека е невозможно да се смени генетиката. Ако имате наследно слаби и ретки трепки не очекувајте чудо.
- Нормално e секоја личност да губи по околу 4 трепки дневно. Доколку губите драстично повеќе консултирајте се со доктор и направете проверка на тироидната жлезда.
(О)Милена | Црнобело