10 природни начини како да израснете долги и густи трепки за 1 месец
Долги, густи, виткани трепки се половина од она што е потребно за магичен поглед. Изгледот на трепките е како јаготка на шлагот кога станува збор за шминката на очите.
За жал, не сите имаме трепки од соништата па најчесто сме приморани да додаваме екстензии или да лепиме вештачки трепки.
Сепак, постојат природни начини како да израснете долги, цврсти и здрави трепки. Комбинација од неколку постапки ќе ви донесе брзи и ефикасни резултати во рок од неколку недели. Клучот е во редовноста и трепеливоста.
За трепки како лепези испробајте уште денеска:
Редовно чешлање
Чешлањето ја подобрува циркулацијата и го стимулира растот на нови трепки.
Употребете специјална четкичка со прозирен гел за раст на трепки или искористете четка од стара маскара, која претходно добро сте ја измиле од течноста.
Додадете неколку капки течен витамин Е на четката и добро расчешлајте ги трепките од коренот до врвовите, 2 пати дневно по 5 минути.
Масла за нега
Рицинусовото, кокосовото и маслиновото масло содржат здрави масни киселини и витамини кои ги негуваат фоликулите на влакната и ги одржуваат трепките сјајни и здрави.
Пред да си легнете капнете неколку капки од маслото по избор (или комбинација од сите три) и нанесете на трепките со четкичка. Особено важно е да го опфатите и коренот на трепките.
Вазелин
Козметичкиот вазелин ги хидрира трепките, односно ја одржува влажноста на суви и спласнати трепки.
Внимателно нанесете тенок слој вазелин врз нив со помош на сува четка, памучен диск или чисти прсти. Внимавајте да не ви влезе вазелин во очите и веднаш измијте ги откако ќе се разбудите следното утро.
Правилна исхрана
Недостатокот на витамини и минерали може да води до сериозно опаѓање на косата и трепките.
Вклучете повеќе протеини во исхраната, минерали и здрави масни киселини, од типот на јаткасти плодови, лосос и други видови риби, јајца, свежо овошје и секако, зеленчук.
Зелен чај
Како што на сите ни е веќе добро познато, зелениот чај содржи антиоксиданти и витамини, па често се употребува во борбата против косопад.
Сварете шолја зелен чај и нанесете ја оладената течност со помош на памучен диск врз трепките 1-2 дневно. Вишокот течност може да ја складирате во стаклена тегличка и да ја чувате во фрижидер уште 3-4 дена додека не ја потрошите.