Зошто треба да користите млеко за сончање на косата?
Важноста на млекото за сончање, кое се нанесува на кожата, сигурно ви е добро позната и сте предупредени за сите штетни влијанија од сончевите зраци.
Откако ќе сфатите дека кремите со заштитен фактор се клучот за задржувањe на младешкиот изглед на кожата, сигурно ќе ги користите редовно. Но дали и млекото за сончање за коса е исто така неопходно?
Да, косата може да изгори исто како и вашата кожа. Пред да нанесете СПФ од главата до петиците, прочитајте зошто е добро да ја заштитите и косата.
Што е разликата помеѓу млеката за сончање за кожа и за коса?
Малку е потешко даги забележите ефектите од млекото за сончање на косата, за разлика од кожата, но на крајот од денот тие слично функционираат.
„Теоретски, УВ-блокаторите ја апсорбираат и разнесуваат УВ енергијата што влијае на косата“, открива козметичкиот хемичар Пери Романковски.
Млеката за заштита, без разлика во која форма, ја имаат истата функција. Нивните состојки или ги рефлектираат, апсорбираат или физички ги блокираат сончевите зраци за да дојдат во контакт со косата.
На кому му е потребно?
Генерално правило за сите е ако излегувате на сонце цели да бидете заштитени со СПФ.
„Сонцето ја намалува влажноста и бојата на косата, тоа ја ослабува дури и добро негуваната коса“, вели стилистот на познатите Ник Стенсон.
Ако косата ви е бојадисана може да имате некаква заштита, но не очекувајте премногу. Затоа добро заштитете ја косата бидејќи преголемата изложеност на сонце и штети исто како и на кожата. Задолжително е да поставите бариера меѓу сонцето и вашата коса.
Кога да го користите?
За да се осигурите дека ќе добиете оптимална заштита од млекото, нанесете го последно. Најдобрата заштита е нанесување во слоеви, исто како и за кожата.
Откако ќе ја измиете косата добро со шампон и ќе нанесете балсам, нанесете средство за заштита од УВ зраците и тоа од скалпот до врвовите.
С. С. | Црнобело