Кој има храброст за неонско портокалова коса?
Инстаграм дефинитивно е вистинското место за пронаоѓање на инспирација за вашата фризура.
Стилистите периодов се подготвени да си играат со боите и техниките повеќе од кога и да било претходно.
Бидејќи е лето, тие постојано екпериментираат со неонските бои. Неодамна зборувавме за летниот хит на Инстаграм – коса во боја на океанот, а сега имаме нов тренд кој вреди да се спомене.
Овој дефинитивно е резервиран само за најхрабрите. Неонско портокалова боја на коса не би се осмелил секој да носи. Пред сė треба да бидете подготвени луѓето да зјапаат во вас.
Драматичен и екстремен, овој тренд ги освојува жените ширум светот, а тие со новите фризури се фалат на социјалните мрежи.
Процесот на бојадисување на косата во неонско портокалова боја дефинитивно не е едноставен, па задолжително направете го кај вашиот стилист.
Еве една драстична трансформација:
С. С. | Црнобело