Мириси на море, песок и сонце: 7 летни парфеми кои ќе ве одведат на плажа
Уште некое време ве дели од заминувањето на годишен одмор, или, пак, летото во целост планирате да го поминете на жешкиот градски асфалт? Скротете го копнежот по плажа, сонце и море, со овие седум парфеми, кои барем за миг ќе ве однесат на некоја летна дестинација.
Поточно, мирисите кои со своите ноти и композиции, ве водат директно на плажа. Повеќето од нив се инспирирани од спомените на летните одмори - белите песочни плажи, свежите и мирисливи ленени платна и освежителните цитрусни пијалаци.
Со овие карактеристични парфеми, само неколку секунди сте оддалечени од омиленото летно сценарио: прсти кои продираат во топлиот песок, бранови што се судираат со вашата кожа, или, пак, сончеви зраци, кои буквално ја греат плажата.
Евоцираат спомени кои сме ги создале токму на море, а резултираат со тоа и емотивно да се врземе за нив. И, што е најважно од сè, свежи се, па се идеални за нанесување на кожата летно време.
Во продолжение, ви откриваме кои се седумте летни парфеми кои најмногу одговараат на описот:
1. Bobbi Brown Beach Eau de Parfum
2. CLEAN Warm Cotton Breeze Body Splash
3. Pinrose Sun Saint Eau de Parfum
4. Maison Margiela Beach Walk
5. Estee Lauder AERIN Mediterranean Honeysuckle Eau de Parfum
6. Jo Loves Pomelo Fragrance
7. Sol de Janeiro Brazilian Crush Body Fragrance Mist
М. А. | Црнобело