Спас за изгорена кожа: 3 брзи маски за смирување на лицето
Сите сме свесни дека кремите со заштитен фактор се многу поважни отколку костимот за капење и неопходно е да се нанесуваат на секој дел од телото.
Сепак, понекогаш не можеме целосно да се заштитиме од сонцето, па ако сте успеале да изгорите на плажа, ви предлагаме три маски за лице кои ќе ја смират кожата од штетните сончеви зраци и ќе ѝ ја вратат влажноста.
Едноставни се за правење, а навистина делуваат.
Маска со банана и јогурт
Оваа хранлива маска е одлична не само за изгореници, туку и воопшто за враќање на сјајот на кожата. Исечкајте една мала банана и измешајте ја со две големи лажици јогурт и една мала лажичка мед, а потоа нанесете ја на лицето (освен подрачјето околу очите), вратот и деколтето. Оставете да делува 15 минути, па исплакнете.
Маска со млеко
За маската да биде најделотворна, користете млеко во прав. Помешајте го млекото во прав со малку вода за да се добие густа паста, па размачкајте по лицето, почекајте 10 минути и исплакнете.
За смирување на изгорена кожа на целото тело, направете си млака купка во која ќе додадете малку млеко.
Маска со краставица
Извадете една краставица од фрижидер (треба да биде ладна), измијте ја и исечете ја на тенки ленти. Распоредете ги лентите по лицето, а може да ставите и на очите. Оставете да делува 15 минути, па исплакнете.
М. В. | Црнобело