Мирисливи тетоважи – нов летен хит

Роза, хортензија, божур или можеби рузмарин? Претстојното лето, во тренд ќе бидат флоралните и хербални тетоважи што мирисаат.

mirislivi-tetovazhi-nov-leten-hit-1_copy.jpg

Летото ни пристига за неколку дена, а со него ни ги носи и омилените привремени тетоважи. Оваа сончева сезона, посебно „ин“ ќе бидат мирисливите тетоважи. Трендот е релативно нов, но веќе на големо се шири на социјалните мрежи Инстаграм и Пинтерест.

mirislivi-tetovazhi-nov-leten-hit-2.jpg

Брендот „Tattly“ прв ги претстави привремените цветни тетоважи, кои покрај атрактивниот изглед, прекрасно и мирисаат. Формулата на билна база им осигурува трајност на тетоважите од 2 до 4 дена, во текот на кои тие интезивно мирисаат.

mirislivi-tetovazhi-nov-leten-hit-3.jpg

Покрај мирисот, освојуваат и со дизајнот, затоа што тетоважите се со преубави цветни и билни мотиви, а изгледаат како да се насликани со водени бои. Во понудата се два сета на тетоважи – цветни и хербални.

mirislivi-tetovazhi-nov-leten-hit-4.jpg

Цветниот сет содржи четири тетоважи со цветови на хортензија, роза, како и розов и виолетов божур, а мирисните ноти кои ги шири се циклама, афион, топола и иланг-иланг.

mirislivi-tetovazhi-nov-leten-hit-5.jpg

Хербалниот сет, пак, опфаќа тетоважи со жалфија, рузмарин и мајчина душица, а аромите се движат од мајчина душица и италијански бергамот, преку рузмарин и жалфија, па сѐ до мошус и сандаловина.

mirislivi-tetovazhi-nov-leten-hit-6.jpg

Тетоважите се водоотпорни, а трајноста може да им се продолжи со нежно миење. Зависно од желбите и вкусот, секогаш може да се одбере само еден мотив, но и да се направи цел цветен букет, мирисајќи како пролетна расцутена ливада.

mirislivi-tetovazhi-nov-leten-hit-7.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сите нијанси на жолто - Идеи за пролетен маникир Металик или мат, нежна како банана или силно жолта... Која нијанса и стил се ваш...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...
Совети за нега на стапала на студено време + маски што можете да ги направите дома Купката со топла вода, и тоа само неколку минути дневно, може да ви направи знач...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...
18 тренди фризури за кратка коса според обликот на вашето лице Дали имате овално, тркалезно или лице во форма на срце? Според формата на лицето...
„Млечни нокти“ - тренд на кој нема да можете да му одолеете (фото) За оние кои често ги менуваат формата и бојата на ноктите, новиот тренд „млечни ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg