Како да се заштитите од алергии предизвикани од сонце?
Во умерени количества сонцето е извор на здравје, го крева расположението, буди чувство на среќа. Научно е докажано дека помага во регулирање на сите животни функции и има значајна улога во формирањето на сончевиот витамин Д кој е важен за структурата на коските.
Но, предолгото и неумерено изложување на сончевите зраци може да биде опасно. Дерматолозите се погласно апелираат да се чуваме од штетното дејството на УВ зраците. УВБ зраците навлегуваат во горните слоеви од кожата и предизвикуваат изгореници. УВА зраците делуваат како игли: продираат длабоко во кожата и можат да предизвикаат алергии од сонцето, хиперпигментација и предвремено стареење на кожата.
Најдобар начин за заштита е доколку воопшто не се изложуваме на сонце. Но постојат моменти кога едноставно не сакаме да бидеме во сенка. Во такви ситуации ни е потребна високо ефикасна заштита, која ја овозможува Eucerin Sun Crème Allergy Protection. Клинички тестирани и медицински докажан овој производ обезбедува ефикасна заштита од алергии предизвикани од сонцето со Алфа-Глукозил-Рутин од дрвото јапонска пагода и витамин Е.
Покрај ефективните УВА и УВБ филтри, овој производ овозможува единствена биолошка заштита со Ликохалкон, силен антиоксиданс кој ги заштитува клетките на кожата во подлабоките слоеви. Лесно се размачкува и обезбедува природен тен на кожата без истата да сјае.
Да се заштитиме денес, за утре да бидеме здрави и прекрасни.