Како да го спречите повторното растење на влакната?
Влакната на женското тело и нивното отстранување се навистина болна точка на голем број жени и девојки кои со доаѓањето на пролетта и летото се почесто размислуваат за начините како најлесно и најбезболно да се решат од влакната.
Постојат најразлични начини и методи, но досега ниту еден од нив не го реши проблемот со повторното растење на влакната. Токму поради тоа Philips реши да направи револуција во безбедното и лесно отстранување на влакната од телото.
Новите производи на Philips, Lumea Advanced и Lumea Prestige во себе носат врвна технологија која безбедно го спречува повторното растење на влакната на кожата.
Инспириран од уникатноста на облините на човечкото тело, Philips Lumea Prestige е достапен со специјални додатоци што се соодветни за секој дел од телото, дизајнирани за максимална удобност и ефикасност. Сензорот SmartSkin ни помага да го избереме најдоброто ниво на енергија во зависност од бојата на нашата кожа, при секоја употреба. Така, во комбинација со уникатните заоблени додатоци, овој производ е идеално решение што ни помага да уживаме во мазна кожа без влакна дури до 8 недели. Сето тоа е достапно во овој неверојатен уред со заоблен дизајн што е 40% побрз од претходните модели. Овој модел на Lumea по само 4 третмани успева до 92% да ги намали влакната на нашето тело. Исто така Lumea Prestige e прв уред со интензивна пулсирачка светлина со заоблени додатоци наменети за секој дел од телото
Технологијата на Philips нуди безбеден и нежен метод за отстранување влакна, развиен во соработка со дерматолози и е тестиран на повеќе од 2000 жени, кои потврдија дека е безбеден за употреба во домашни услови.
Она кое што ги воодушеви сите припаднички на понежниот пол е одличната вест дека нема потреба за замена на ламбата во новите Lumea. Имено, животниот век на вградената ламба која што ја произведува IPL светлината е 20 години. Оттука, со , Philips Lumea немате дополнителни “скриени трошоци”.
Исто така Philps успеа да создаде заштитен систем кој спречува ослободување блесок доколку уредот не е целосно во контакт со кожата. За да не дојде до непотребно испуштање блесок, уредот секогаш треба да биде во целосен контакт со кожата. Со тоа пулсирачката светлина на Philips Lumea е целосно безбедна за очите.
Сега може сите да се радуваме на доаѓањето на летото во облека која што го открива нашето тело и ни дозволува да се радуваме на сонцето без грижи. Сега нашето тело ќе има помалку влакна и истото ќе изгледа совршено мазно и привлечно. Тоа сигурно на нам жените ќе ни овозможи послободно движење, насмевки и уживање без грижи!
Дознајте повеќе за Lumea овде>>>