Луди стандарди за убавина кои постоеле во минатото
Низ годините, сликата за убава жена се менува, а зборовите „убавината бара жртва“ понекогаш имаат буквално значење.
Неколку стандарди за убавина кои ќе ве остават без зборови:
1. Чевли на високи потпетици
Некаде меѓу 15-иот и 17-иот век жените морале да носат чевли кои знаеле да достигнат висина и до 50 сантиметри за да не си ги валкаат фустаните и биле знак за висок социјален статус.
2. Заштита на шминката
Во 1939-та година жените носеле конус за заштита на шминката.
3. Дупчиња на образите
Во 20-иот век се појавила специјална направа која прави дупчиња на образите.
4. Големо чело, без веѓи
Во Ренесансата за убави жени се сметале оние кои имале големо чело и немале веѓи.
5. Бела кожа
Во Англија во 17-иот век екстремно белата кожа се сметала за посебно убава и „знак на младост“.
6. Јасно видливи вени
Да ја нагласат својата „сина крв“ жените си цртале сини вени.
7. Гризење на усните
Во Викторијанско време жените не смееле да користат шминка, па си ги гризеле усните за да им бидат црвени и си ги штипеле образите.
8. Арсен за разубавување
Арсенот се користел за да добиете црвен изглед на образите светкави очи и заоблено лице.
9. Бенки
Во 18-иот век посебно се нагласувала важноста на бенките:
Половина бенка – покана за една вечер
Бенка на горните усни – знак дека дамата е сингл и слободна за брак
На десен образ – во брак
На лев образ – вдовица
Н. Г. | Црнобело