Ланком креираше формула за пудра идентична на бојата на кожата
Иднината на шминкањето конечно пристигна. Последната иновација на францускиот гигант Ланком (кој е инаку во сопствеништво на компанијата Лореал) вклучува формула која овозможува мешање на различни пигменти со цел да се создаде пудра која идеално одговара на вашата боја на кожата.
Сите кои обожаваат декоративна козметика се свесни колку е огромен предизвикот наречен пронаоѓање идеална нијанса на пудра за лицето.
„Le Teint Particulier“ е името на пудрата, а процесот е прилично едноставен: прво се скенира вашето лице, а податоците се обработуваат. Машината ја меша формулата, истата се пакува во шишенце, а вие на крајот добивате персонализиран производ со име и бројче кое ви припаѓа само вам и си го носите дома.
Процесот на правење персонализирана пудра трае само 15 минута, а кошмарот на неизедначен тен на лицето полека го оставаме во минатото. Мотото на компанијата е: „Правиме само една нијанса. Вашата“.
Цената на Ланком персонализираната пудра изнесува 80 долари. Погледнете како изгледа процесот на креирање:
https://www.youtube.com/watch?v=5nz8FK0m31k
(O)Милена | Црнобело