8 делотворни, природни третмани против црнки
Чистата и мазна кожа е еден од главните елементи за убав изглед. Но, на овој пат до совршената кожа малите црнки и акни се главните непријатели.
За среќа, постојат 8 докажано делотворни и природни рецепти со чија помош ќе се ослободите од нив.
Испробајте неколку и видете што најдобро и одговара на вашата кожа:
Лимон + мед + шеќер
Исечете еден лимон на половина и истурете доволно мед за да ја покриете површината. Потоа пропрскајте малку шеќер и нежно масирајте ги областите каде имате точки со кружни движење.
Третманот не го практикувајте почесто од еднаш неделно.
Вазелин + пластична фолија
Правете го ова после туширање, кога порите ви се отворени. Нанесете Вазелин на проблематичниот дел од лицето и замотајте со пластична фолија. Покријте и со топла крпа додека не се олади до собна температура. Потоа користете марамче со кое ќе го отстраните вишокот вазелин. Благо притиснете за да излезат нечистотиите. Исчистете со лосион или вода и сапун.
Процедурата правете ја еднаш до двапати месечно.
Кокосово масло + есенцијални масла
Во тегличка ставете ¼ шолја кокосово масло и стоплете во микро 10-15 секунди. Потоа додадете 10 капки масло од лимон, лаванда и чајно дрво. Измешајте. Користете памукче за да ги нанесете маслата на лицето наутро, веднаш кога ќе го измиете лицето.
Мешавината чувајте ја во тегличката на собна температура.
Цимет + овесно брашно
Измешајте лажичка овесно брашно со иста количина цимет во прав. Додадете малку топла вода и мешајте додека не добиете многу густа смеса. Нежно правете пилинг со смесата во времетраење од 1 минута, а потоа исплакнете со ладна вода.
Не го применувајте овој третман почесто од двапати во месецот.
Активен јаглен + зелена глина
Измешајте ½ лажичка активен јаглен во прав со 1 лажичка зелена глина и ½ лажичка топла вода. Мешајте додека не добиете маска без грутки. Нанесете ја на лицето или само на критичните делови со четка или сунѓерче. Откако целосно ќе се исуши, исплакнете со ладна вода.
Третманот е доволно да го правите еднаш неделно.
Кокосово масло + талог од кафе
Измешајте ½ шолја кокосово масло со ½ шолја талог од кафе. Користете ја мешавината за нежно масирање на телото и лицето. По пилингот оставете да отстои 5 минути, па темелно исплакнете.
Практикувајте ја постапката еднаш неделно.
Исто така, ако направите поголеми количини, може да ги замрзнете во калапи за мафини.
Овесни снегулки + мед + јогурт + маслиново масло
Во блендер измешајте ¼ шолја овесни снегулки, 2 лажици јогурт, 2 лажици мед и 2 лажици маслиново масло. Добиената смеса нанесете ја на лицето и масирајте 1-2 минути. Потоа измијте со топла вода.
Доколку имате чувствителна кожа, не правете пилинг, туку само нанесете ја смесата како маска.
Користете еднаш до двапати неделно.
Шеќер + мед + маслиново масло + ванила екстракт
Комбинирајте ¼ шолја бел шеќер со ¼ шолја кафеав шеќер со ¼ шолја маслиново масло и добро измешајте. Потоа додадете 1 лажица мед и ½ лажица ванила. Добиениот пилинг користете го за чистење на деловите каде имате акни и црнки. Исплакнете со топла вода.
Користете еднаш неделно. Остатокот чувајте го на собна температура во добро затворена тегла.
М. Д. | Црнобело