7 жени - ѕвезди чии тела се далеку од идеални, но на никој не му пречи
Сите сметаат дека физичкиот изглед е првата работа според која луѓето ќе ве запаметат и заради која ќе успеете, посебно ако сте во светот на шоу бизнисот.
Сепак, во светот на славните има толку многу жени со различни облици на тела и различна големина на облини, висина и тежина, кои сепак се успешни.
7 примери дека не секогаш „идеалното“ е гаранција за успех:
Кира Најтли
Кира Најтли е позната по малите гради и рамната фигура. Но, тоа не и „одземало“ ниту една филмска улога.
Бијонсе
Бијонсе е крупна жена, со изразени облини, но многумина сметаат дека Бијонсе не би била Бијонсе без нив.
Дру Баримор
Дру никогаш не се срами од заобленото стомаче и неколкуте килограми плус. Напротив, наоѓа начин како со облеката да го истакне само најдоброто.
Кристина Агилера
По многуте промени со тежината и кратките нозе, Агилера сепак решава да негува провокативен имиџ и на никој не му пречи.
Гвинет Полтроу
Уште една жена која по бременоста се бореше со вишок килограми, но успеа да се врати во нормала со детоксикации и тренинзи. Гвинет е позната по својата манекенска фигура без облини, но тоа никогаш не и пречело на патот кон успехот.
Ева Лонгорија
Пример за сите ниски и ситни жени.
Викторија Бекам
Покрај својата ситна и слаба фигура, заради која во минатото сите се сомневаат дека пати од анорексија, Викторија во секое интервју зборува дека е здрава и дека само така успева да биде успешна. Дополнително на тоа, важи за стилска икона.
М. Д. | Црнобело