Мислењата се поделени: Предебела или со идеални облини?

Откако гордо ги покажа своите раскошни облини на насловната страна од магазинот „Sports Illustrated“, почна и жестоката дебата на интернет: Дали е предебела или жена со совршени облини? 

predebela-ili-so-sovrsheni-oblini-nejzinoto-telo-nikogo-ne-ostava-ramnodushen-1.jpg

Хантер Мекгрејди (23) е „плус сајз“ модел со американска адреса. Толку е самоуверена и задоволна од својот изглед, што е мотивација за многу жени кои изгледаат како неа, а се чувствуваат непријатно поради тоа што имаат некој килограм повеќе. Својата поддршка, пак, Хантер им ја дава и на социјалната мрежа Инстаграм.

predebela-ili-so-sovrsheni-oblini-nejzinoto-telo-nikogo-ne-ostava-ramnodushen-2_copy_copy_copy.jpg

За своите први обиди да зачекори во светот на модата вели:

„Се сеќавам, имав само 16 години, кога со мајка ми отидов на претходно договореното снимање за линија маици со куси ракави. Но, штом се појавив, веднаш ми рекоа да си одам дома бидејќи сум предебела за нив. Не ми дадоа шанса ниту да пробам некоја од маиците. Бев толку понижена, а во исто време тажна, вознемирена и збунета“ – раскажува Хантер.

predebela-ili-so-sovrsheni-oblini-nejzinoto-telo-nikogo-ne-ostava-ramnodushen-3_copy.jpg

Хантер одлучила дека повеќе нема да живее онака како другите очекуваат од нејзе.

„По тоа понижување, на мои 16 години, одлучив дека ќе го сакам своето тело, бидејќи тоа е мое и единственото кое го имам. Уште повеќе пораснав и колковите ми се заоблија. Ми се појавија и стрии, но се вљубив и во нив, бидејќи покажуваа дека од мало девојче израснав во вистинска жена. Имам и целулит, баш како и секоја друга жена во светот. Го прифатив сето ова бидејќи ми беше преубаво. Станав жена. Тоа за мене беше нешто гламурозно“- продолжува оваа самоуверена девојка.

predebela-ili-so-sovrsheni-oblini-nejzinoto-telo-nikogo-ne-ostava-ramnodushen-4_copy.jpg

На сите други жени им порачува да бидат горди на своето тело:

Сите вие кои се чувствувате несигурно и непријатно ви е поради салото на стомакот, или поради стриите, или целулитот, или акните... Или можеби мислите дека не сте доволно убави бидејќи никогаш не сте биле на насловната страна – вие сте прекрасни! Вие сте јаки. Вие сте моќни. Заедно треба да се инспирираме и подигнуваме една со друга. Премногу нешта се случуваат во овој свет, за да едни со други се напуштиме кога паѓаме.

predebela-ili-so-sovrsheni-oblini-nejzinoto-telo-nikogo-ne-ostava-ramnodushen-5_copy.jpg

Коментарите кои ги предизвикува се секакви, од оние дека дебелината не треба да се рекламира, па сè до тие дека Хантер е сензуална жена која изгледа преубаво.

Што мислите вие?

predebela-ili-so-sovrsheni-oblini-nejzinoto-telo-nikogo-ne-ostava-ramnodushen-6_copy.jpg

predebela-ili-so-sovrsheni-oblini-nejzinoto-telo-nikogo-ne-ostava-ramnodushen-7_copy.jpg

predebela-ili-so-sovrsheni-oblini-nejzinoto-telo-nikogo-ne-ostava-ramnodushen-8_copy_copy.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 работи кои прават да изгледате постаро отколку што сте навистина Темен лак за нокти кој ви ги нагласува несовршеностите на рацете и прстите, обле...
Мартина Михајловска за стилот и убавината: „Не правам козметички третмани на лице, никогаш не сум об... „Јас сум голем гурман и во последно време знам на најблиски да им зготвам некој ...
Калтрина за стилот и убавината: „Порано броев калории, но веќе не се лишувам од храна за да имам вит... „За убаво и негувано лице клучна е генетиката, а јас, за среќа, имам добри ...
6 ѕвезди со несовршени нозе, кои не се срамат од нив и гордо ги покажуваат Сара Џесика Паркер има таканаречени „машна нозе“ - споени кај колената, но со ду...
13 фото-докази дека и светските ѕвезди немаат совршено лице и тело (и не се срамат од тоа) Актерката Рејчел Мек Адамс нема рамен стомак, но не се ни труди да го вовлече за...
Трикови со кои секогаш ќе мирисате убаво (дури и без парфем) Антибактериските сапуни може да го нарушат природниот баланс и да ги уништат кор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg