Кои состојки треба да ги барате на етикетата на козметичките производи?

Кожата е најголемиот наш орган и таа секојдневно е изложена на различни надворешни и внатрешни влијанија. Особено во денешно време, изложени сме постојано на внесување на разни токсини во организамот и мора да внимаваме што внесуваме во телото и на кожата.

koi-sostojki-treba-da-gi-barate-na-etiketata-na-kozmetichkite-proizvodi-2-01.jpg

Има безброј козметички препарати на пазарот за нега на различни типови на кожа, но веќе и козметичките гиганти сè повеќе го следат трендот на природна нега и создаваат препарати на природна база.

Природното е најдобро, но одредени природни масла имаат подобри својства, па затоа кога ќе одите во шопинг по нови козметички производи побарајте ги следните состојки на нивните етикети:

1. Серуми и масла од супер храна

Koi-sostojki-treba-da-gi-barate-na-etiketata-na-kozmetichkite-proizvodi-1.jpg

Побарајте производи кои се направени од супер храна како авокадо, акаи, спирулина, пченична трева и моринга.


2. Масло од морков

Koi-sostojki-treba-da-gi-barate-na-etiketata-na-kozmetichkite-proizvodi-2.jpg

Ова масло има природен фактор за заштита од сонце, а богато е со провитамин А и ја лекува и ревитализира кожата.


3. Масло од кокос

Koi-sostojki-treba-da-gi-barate-na-etiketata-na-kozmetichkite-proizvodi-3_copy.jpg

Кокосовото масло има антибактериски и антифугални својства. Помага за смирување на воспаленијата на кожата, а делотворно е и при третирање на акни. Има многу широка примена и може да се користи во секакви препарати или самостојно.

E. A. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Дали влакната растат погусти и што друго треба да знаат жените пред да го избричат лицето? Иако кожата може да биде помека, важно е да знаете дека бричењето на лицето не е...
Грешки во рутината за убавина што ги правиме сите (а се штетни за кожата) Комбинирате AHA и BHA киселини со ниацинамид и правите пилинг секој ден - на кои...
8 навики поради кои изгледате (многу) постаро отколку што сте Ако претерувате со пилинзи, ќе ја оштетите кожата и ќе изгледате постаро. Кои др...
Отстранување шминка, подочници – За што сè можете да користите рицинусово масло? Ја обновува кожата, го стимулира растот на косата, а може да ги намали и брчките...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Популарни митови за нега на кожа од Инстаграм и ТикТок (кои можат да бидат и штетни) Не ви требаат 10 продукти за нега на кожа и ако некој продукт ви предизвикува ир...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg