Подмладете се за 10 минути: Чудо од маска, го брише уморот и стресот од лицето
Домашната медицина прави вистински чуда кога е негата на кожата во прашање.
Ви претставуваме одлична процедура која е мошне едноставна за примена, а е евтина алтернатива на скапата пластична хирургија. Оваа чудесна маска за затегнување на лицето има моќ да „избрише“ неколку години од вашата кожа.
Веднаш по првото нанесување, ќе го почувствувате нејзиниот импресивен ефект. Маската ќе ги замени многубројните козметички третмани во салоните за убавина. Покрај тоа што е исклучително економична, нејзиниот ефект е еквивалентен на прославениот ботокс.
Маската е потполно природна, а всушност, ја затегнува кожата и подобро од ботокс.
Потребни состојки:
- 1 белка;
- ½ кафена лажица лимонов сок;
- ½ кафена лажица кокосово масло.
Начин на подготовка:
Земете јајце со средна големина и издвојте ја белката од жолчката. Сипете ја белката во мал сад и мешајте сè дури не добиете густа смеса. Потоа, додадете ги лимоновиот сок и кокосовото масло, па повторно добро измешајте ги состојките. Нанесете ја маската на чисто лице и оставете ја да делува 10-15 минути. Кога маската ќе се исуши, отстранете ја со топла вода или чај од камилица. За постигнување оптимални резултати, доволно е ја применувате оваа маска 2 пати неделно.
Многумина од досегашните корисници на маската од белка за чистење и затегнување на лицето, веќе ги увиделе нејзините предности. Се надеваме дека овој проверен рецепт и вам ќе ви биде од корист. Бидете убави!
М. А. | Црнобело