Дали морската сол е здрава за косата?
Сигурно се прашувате како морската сол може да помогне и да биде добар третман за косата. Одговорот е во нејзините медицински карактеристики.
Таа во себе содржи 82 есенцијали нутритиенти и минаерали кои се совршени за скалпот и кожата. Дел од нив се содиум, магнезиум, калциум, хлорид, бромид, цинк и железо. Благодарение на ваквиот состав е одлична за ревитализација и освежување на косата.
Намалувањето на последиците од стресот и недоволната нега, може да се постигне со едноставни
Со нежно масирање на скалпот со солта, се прави ексфолијација и се отстрануваат мртвите клетки од површината, се подобрува циркулацијата и со тоа се постигнува саканиот ефект.
За посакуваниот резултат е потребно да ја практикувате оваа масажа со сол два пати неделно во текот на два месеци и опаѓањето на косата значително ќе се намали, нема да имате првут, а косата ќе има поголем волумен, сјај и мекост.
И додека фармацевтските компании нудат широк асортиман на производи за истата цел, добро е да знаеме дека истото може да го постигнеме и со некои продукти кои најчесто ги имаме дома и лесно може да ги примениме.
Е. А. | Црнобело