Како Кејт Мидлтон преку ноќ се подмлади за 10 години?

На 9-ти јануари, војвотката од Кембриџ наполни 35 години - возраст кога многу жени почнуваат да размислуваат за или да користат третмани и интервенции за да се подмладат.

kako-kejt-midlton-preku-nokj-napravi-da-izgleda-10ina-godini-pomlada-01.jpg

Но, Кејт Мидлтон најде нов начин како да изгледа помладо, без да користи ботокс...

Едноставно реши да намали со шминката.

Уште на почетокот од 2017-та година, Кејт намали со црниот молив на очите и руменилото за образи.

Експертите за разубавување велат дека токму заради поприродниот изглед Кејт изгледа барем неколку години помлада.

kako-kejt-midlton-preku-nokj-napravi-da-izgleda-10ina-godini-pomlada-1.jpg

Еве какви промени направи таа во шминкањето:

1. Сенка и молив за очи

Кејт отсекогаш била наклонета кон моливот за очи. Го нанесуваше како на горниот капак, така и на долниот, во линии. Но, неодамна престана да го користи и заради тоа изгледа драстично помлада.

Како старее вашата кожа така најдобро е областа под очите да изгледа чиста и без премногу шминка.

kako-kejt-midlton-preku-nokj-napravi-da-izgleda-10ina-godini-pomlada-2.jpg

2. Веѓи

Кејт порано преферираше веѓите да не ги исполнува и да прави да изгледаат тенки и со поостри линии.

kako-kejt-midlton-preku-nokj-napravi-da-izgleda-10ina-godini-pomlada-4.jpg

Но, откако почна да ги пополнува, да прави да изгледаат подебели и со поблаги линии изгледа најмалку деценија помладо.

Веѓите многу го менуваат изгледот, а колку се поприродни со побогати бои, толку прават да изгледате помлади.

kako-kejt-midlton-preku-nokj-napravi-da-izgleda-10ina-godini-pomlada-3.jpg

3. Пудра

Ако добро ги анализирате постарите и посвежите фотографии од војвотката ќе забележите дека таа направи и промена во пудрата.

Порано употребуваше мат нијанса, а сега почна да користи малку помрсни пудри кои прават да изгледа нејзината кожа да изгледа хидрирана и свежа.

Секоја пудра која прави да се одбива светлина од вашата кожа креира илузија на помладешка кожа.

kako-kejt-midlton-preku-nokj-napravi-da-izgleda-10ina-godini-pomlada-4_2.jpg

4. Руменило

Порано употребуваше розови нијанси и јасно ги изразуваше образите, сега, наместо камено руменило почна да одбира кремасто кое исто како и пудрата, прави кожата да ѝ сјае и да и изгледа помлада.

kako-kejt-midlton-preku-nokj-napravi-da-izgleda-10ina-godini-pomlada-1-5.jpg

5. Нега на кожата

Клучно во тоа кожата да ви изгледа младешка е постојано да ја хидрирате. 

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...
7 работи кои прават да изгледате постаро отколку што сте навистина Темен лак за нокти кој ви ги нагласува несовршеностите на рацете и прстите, обле...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
Дали влакната растат погусти и што друго треба да знаат жените пред да го избричат лицето? Иако кожата може да биде помека, важно е да знаете дека бричењето на лицето не е...
Трикови што ги користат славните дами за беспрекорен изглед на црвениот тепих Носат чорапи за компресирање, долна облека што затега, но и перики – што сè прав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg