AVON True – нова козметичка линија која ги исполнува ветувањата

Балансирањето на успешна кариера, семејни обврски и дружби со пријателите може да претставува вистински предизвик, поради што Avon ја лансира True - нова линија производи која што на жените, и покрај недостатокот од слободно време, ќе им овозможи секогаш да изгледаат и да се чувствуваат одлично. Линијата True содржи сѐ што е потребно за да се постигне негуван и софистициран изглед што ќе трае во текот на целиот ден. Составот на производите True е проверен и овозможува квалитет на кој може да му се верува.

avon-true-nova-kozmeticka-linija-koja-gi-ispolnuva-vetuvanjata-01.jpg

Новата линија е наменета за жените кои што сакаат да ја истакнат својата природна убавина и без многу труд да постигнат класичен изглед што секогаш ќе биде во тренд. Основата на елегантната и вонвременска шминка секако се негуваните усни во богати нијанси и долгите трепки, кои секоjа жена може лесно да ги добие со помош на новиот хранлив кармин од палетата True Colour Supreme, како и со маскарата True Colour Supreme Length. Маслото од јојоба, медот и восокот од пчела што кармините ги содржат обезбедуваат ефект 3 во 1 на усните - изедначена и богата боја, нега и длабинска хидратација која трае и до 24 часа. Благодарение на аргановото и кокосовото масло, како и на витаминот Е, по користењето на True Colour Supreme Length маскарата, трепките се нахранети, без грутки и размачкување.

Avon на жените им овозможува да бидат најдобрата верзија од себеси со помош на True производите, а меѓу нив се пудрите, коректорите, моливите за очи и нежните лакови за нокти, на кои што можат да се потпрат во секој миг. True означува искреност, а ова е линија производи што исполнува ветувања.

avon-true-nova-kozmeticka-linija-koja-gi-ispolnuva-vetuvanjata-1.jpg

Истражувањето на пазарот со козметички производи, што во текот на 2016 година, го спроведе Euromonitor International Limited покажа дека Avon е бренд број 1 во категоријата производи за шминкање во Централна и Источна Европа. Како компанија што со децении ги охрабрува жените да ги остварат своите соништа и на приватен и на професионален план, Avon стреми кон постојани иновации кои што подобро ќе ги задоволат потребите на потрошувачите.

Би можело да ве интересира:

Србинка со помош на шминка е копија на Адријана Лима Кога природната убавина ќе биде надополнета со одлична шминка, тогаш имаме вакви...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
Трикови што ги користат славните дами за беспрекорен изглед на црвениот тепих Носат чорапи за компресирање, долна облека што затега, но и перики – што сè прав...
Совети за нега на стапала на студено време + маски што можете да ги направите дома Купката со топла вода, и тоа само неколку минути дневно, може да ви направи знач...
4 фризури со шишки кои изгледаат добро на секаков тип коса Овие видови шишки прилегаат и на жени со права, но и на жени со прекршена и кадр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg