Домашна маска со овесни снегулки, која ја измазнува кожата
Домашните маски за лице, во многу случаи се покажале како одлична замена за скапите козметички третмани, кои можеби на крајот нема да ви ги исполнат очекувањата.
Дополнително, речиси сите вакви маски се прават од намирници кои секој од нас ги има дома.
Токму таква е и оваа маска, со која вашето лице ќе ја добие потребната хидратација и свежина неопходна за зимските денови.
Состојки:
- 1 лажица овесни снегулки
- 1 лажица маслиново масло
- 1 зелено јаболко
- 1 лажица мед
- 2 лажици јогурт
- сок од 1 лимон
Начин на подготовка и употреба:
Прво, изблендирајте ги овесните снегулки.
Земете 3 мали чинии. Во првата чинија измешајте ги изблендираните овесни снегулки со маслиновото масло. Во втората, измешајте го ренданото зелено јаболко и медот, а во третата - измешајте го јогуртот со сокот од лимон.
Исплакнете го лицето и нанесете го првиот слој од маската (мешавината од овесни снегулки и маслиново масло). Оставете да се исуши.
Потоа, нанесете го вториот слој (мешавината од јаболко и мед). Оставете да се исуши 5 минути.
Конечно, додадете го и третиот слој (мешавината од јогурт и сок од лимон). Почекајте уште 5 минути.
Маската треба да ви остане на лицето околу 15 минути, а потоа убаво измијте ја.
М. С. | Црнобело