3 најважни трикови за убавина според Бијонсе
34-годишната Бијонсе е пример за тоа како една жена треба да се негува и многумина се прашуваат на што се должи нејзиниот беспрекорен тен.
Нејзиниот долгогодишен шминкер, Џон Барнет ги открива три трикови за убавина на поп дивата.
1. Кремата за очи ја користи за нега на целото лице
Барнет вели дека специјалната формула на кремите за подочници многу бргу се апсорбираат и се богати со хранливи состојки кои добро делуваат на кожата на целото лице.
2. Кремата против брчки ја нанесува на целото тело
Барнет вели дека поголемиот дел од жените внимаваат само на своето лице, но кога веќе станува збор за нега против стареење, тогаш треба да внимавате на целото тело.
Кремата која ја употребувате против стареење можете да ја нанесете на деколтето, на грбот и нозете.
3. Ја храни кожата однатре
Нема убава кожа без здрава храна и пијалаци, а Бранет како посебно важна состојка го споменува кељот.
Тој е богат со витамин К кој ја поттикнува циркулацијата и се грижи за здравјето и убавината на кожата.