6 работи кои треба да ги направите веднаш по туширањето

Туширањето е секојдневие и рутина, но дали внимавате што правите веднаш по излегувањето од туш?

6-raboti-koi-treba-da-gi-napravite-vednas-po-tusiranjeto-01.jpg

Постојат 6 работи кои задолжително се прават неколку минути по бањањето, од една страна заради здравјето и убавината, а од друга страна заради заштеда на време.

1. Тапкајте, не тријте

Телото би требало да го сушите со тапкање со пешкирот, не со триење. Со триењето дополнително ја сушите кожата која по топлиот туш е прилично дехидрирана. Во суштина, најдобро е да оставите телото само да се исуши, но ако немате време за тоа, доволно е површински со мек пешкир да ја соберете влагата.


2. Нанесете ги сите третмани кои ги користите

Ако се борите со целулит или стрии и за таа цел користите некоја крема или лосион, најдобро е да го намачкате веднаш по туширањето. Тогаш порите се отворени, па состојките полесно продираат до клетките. Истото важи и за маските и третманите кои ги користите.


3. Депилација

Ако влакненцата ги отстранувате со восок или машинка, ви препорачуваме тоа да го направите веднаш по туширањето, додека кожата е мека и порите проширени. Така ги намалувате болката и црвенилото. Истото важи и за кубењето на веѓите.


4. Намачкајте го телото

Топлата вода и пареата ја сушат кожата на телото, па затоа по самото излегување треба да се намачкате со хранлив лосион или млеко. Колку и да мислите дека водата ја хидрира кожата, самиот процес на туширање го има спротивниот ефект.


5. Скратете ги ноктите

По туширањето ноктите се помеки и далеку полесни за обликување. Така ќе го избегнете пукањето и раздвојувањето. Сепак, по туширањето не би требало да ги турпијате затоа што ќе постигнете контра ефект.


6. Нанесете серум на косата

Кога косата е мокра е подложна на лесно пукање, па чешлањето и врзувањето не е препорачливо. Наместо тоа добро исцедете ја и напрскајте ја со серум за исхрана или полесно расчешлување. Потоа замотајте ја во пешкир, без да ја триете. Дури потоа можете да почнете со сушење.

Би можело да ве интересира:

7 работи од кои жените треба да престанат да се срамат (бидејќи се нормални и сите ги имаат) Целулит имаат и слабите девојки, двојната брада и темните подочници многупати се...
Идеи за фризури со кои ќе ја скриете мрсната коса (ако немате време да ја миете) Опавче со повеќе стегачи, елегантна пунџа, плетенки - постојат многу фризури кои...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Дали влакната растат погусти и што друго треба да знаат жените пред да го избричат лицето? Иако кожата може да биде помека, важно е да знаете дека бричењето на лицето не е...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
4 трикови со кои локните ќе ви траат подолго од една вечер Немојте да ја миете косата пред виткање и користете помалку продукти како регене...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg