Горда сум што сум различна: Трпела навреди заради нејзините белези по цело тело, а денес ги обожава (фото)
Сиера Сваринген е тинејџерка која со години трпела навреди на сметка на нејзиниот изглед, само заради тоа што е родена поразлична.
Само неколку дена по раѓањето, на Сиера и биле дијагностицирани огромни вродени меланоцити на површината на кожата. Тие зафаќале повеќе од 2/3 од целото тело, додека најголема сконцентрираност имале оние на нозете и долниот дел од телото.
Затоа што растела со овој „проблем,“ голем дел од децата и соучениците биле груби и злобни кон неа.
Обично ми велеа „изгледаш валкано, оди избањај се,“ вели тинејџерката и додава „но, за среќа јас сум горда што сум поразлична, и од ден на ден, сите имаме по нешто што не прави необични, без оглед дали тоа е внатрешно или надворешно.“
„Се сеќавам дека кога одев на училиште, мајка ми ми рече дека белезите се всушност стотина мали ангелски бакнежи - и тоа е единственото нешто што ми остана во главата.“
За Сиера, отстранувањето на белезите никогаш не било, ниту ќе биде опција.