2 домашни серуми за убави и густи трепки
Посакувате поголеми трепки кои ќе го истакнуваат вашиот таинствен поглед? Не ви се потребни скапи козметички препарати, туку можете сами да направите домашен серум од само неколку состојки.
Еве 2 предлози за брзо растење на трепките:
1. Серум од кокосово масло
Потребни состојки:
- 10ml Кокосово масло
- 2 Капки природно етерично масло од лимон
Сè што е потребно да направите е да ги измешате двете состојки во мало пластично или стаклено шише и да ги нанесувате на трепките со стара чиста четка. Најдобро и наједноставно е да употребите некоја стара четка од маскара.
Двете состојки имаат смирувачко дејство и го стимулираат растот на трепките.
2. Серум од рицинусово масло
Потребни состојки:
- 20ml Рицинусово масло
- 2g Восок
- 1g Витамин Е
- 2g Глицерин
Ставете ги сите состојки заедно и мешајте додека не добиете хомогена смеса. Ако сакате поедноставно да ја ставите во шишенце самата смеса, доволно е само малку да ја загреете. На трепките се нанесува со чиста четка.
Како и кокосовото масло, така и рицинусовото масло стимулативно влијае на растот и густината на трепките.