Затегнете ја кожата, градите и деколтето после сончање
Нормално е после сончање кожата да ви биде поразлична, секако не само во тенот, туку и во сјајот, и не е необично истата да се опуши.
Па, како да се справите со овој летен проблем?
Се што ви е потребно е:
- 1 белка
- 1 лажица сок од морков
- 1 лажица сок од лимон
Подготовка и употреба:
Во соковите заедно измешани додадете ја белката и повторно промешајте. Вака направената смеса нанесете ја на посакуваното место, односно на деколтето и градите.
Кога смесата ќе се затегне, околу 10 минути подоцна, внимателно исплакнете со млака вода.
Ако смесата ја нанесувате 2 пати неделно, ќе ја затегнете кожата бидејќи бета каротенот од морковот и витаминот Ц од лимонот ќе го забрзаат производството на колагенот и така ќе ја дадат посакуваната еластичност на кожата.
Белката пак, кога ќе започне да се суши, кожата ќе започне да се затега, при што ќе даде благ ефект на масажа.
Автор: Е.Г