Што и е потребно на секоја девојка за да изгледа добро на плажа?

Постојат диети, вежби, напорни тренинзи, начини на исхрана, производи кои забрзуваат метаболизам и губење на калории и што ли уште не.

shto-na-sekoja-devojka-i-e-potrebno-za-da-izgleda-dobro-na-plaza-01.jpg

Но, реалноста е дека не ви е потребно многу за да бидете подготвени за на плажа. Напротив, потребно ви е многу малку.

Еве што поточно:

1. Јадете нормално, бидејќи сте жив организам со калориски потреби

Потребно е да бидете токму она што сте. Не е потребно да бидете помалку или повеќе од она што сте за да изгледате добро во бикини, односно да имате помалку или повеќе килограми на вас.

Така што ако веќе се исхранувате прилично здраво, но понекогаш посакувате да пробате пица, слободно пробајте. И ако сакате да направите одредени промени, направете ги затоа што навистина сакате да ги направите.

Но, никогаш немојте да мислите дека не сте доволно доби за бикини.


2. Одберете бикини кое прави да изгледате слатко

Не мора да се водите по најновите трендови и да обирате бикини со што е можно помалку материјал и повеќе врвки.

Одберете го оној стил кој ќе направи да се чувствувате удобно и да бидете среќни и задоволни, а не преплашени од помислата дека треба да се облечете во бикини.


3. Престанете да го споредувате своето тело со туѓиот изглед

Медиумите и социјалните мрежи ни даваат слика дека треба да изгледаме како супермодели со совршени тела, ако сакаме да облечеме бикини.

Сепак најдобро е еднаш за секогаш да го прифатите сопствениот изглед и да бидете она што навистина сте. Вашите пријатели не очекуваат да бидете Кендис кога сте облечени во бикини.


4. Заборавете на актерките и супермоделите, бидејќи тие имаат покрај себе десетици тренери и нутриционисти

Секако дека ги имаат своите одлични гени, но меѓу другото, супермоделите се постојано контролирани и од безброј професионалци.

Тие имаат покрај себе тренери со кои вежбаат со часови во текот на денот, и нутриционисти кои прецизно им ја контролираат дневната исхрана. Тоа на нив им е работа.


5. Јадете чоколадо понекогаш, ако тоа го посакувате

Парче чоколадо нема одеднаш да направи да се здебелите цели 15 килограми.


6. Вежбајте затоа што сакате да останете здрави, а не за да се ослободите од проблематичните зони

Кога ќе го употребите поимот „проблематични зони“ тоа автоматски подразбира дека тие делови веднаш мора да ги промените инаку светот целосно ќе ви пропадне.

Но, тоа не е задача на вежбите. Да ве ослободат од претпоставките и несигурностите или да ве „казнат“ затоа што сте жена со проблематични зони. Вежбите треба да ве направат среќни и здрави и да направат да се чувствувате добро.


7. Сфатете дека немате проблем со проблематични зони

Оние делови кои чувствувате и мислите дека треба да ги промените само затоа што тие ве спречуваат да изгледате совршено онака како што сте си замислите потребно е да ги прифатите.

Мислите дека задникот ви е голем? И да ви е голем, што е тоа важно. Можеби не е лесно да успеете да си ја навртите оваа мисла во глава, но важно е постојано да се обидувате да ја прифатите.


8. Најдете се поддршка

Најдете си пријателка покрај која ќе си за засилувате самодовербата. Пријателка која ви е поддршка, која ве прифаќа онаква каква што сте и која може да направи да се чувствувате како супермодел покрај неа.

Понекогаш добро е да имате покрај себе и пријателка со сличен изглед на тело која научила да го прифаќа своето тело.

shto-na-sekoja-devojka-i-e-potrebno-za-da-izgleda-dobro-na-plaza-1.jpg

9. Пијте вода затоа што е здраво, а не за да се ослободите од токсините

Не дека тоа е така страшна работа, секако дека е здраво за вас да се ослободите од токсините, но важна е намерата.

Важно е да сфатите дека тоа е здраво за вас, а не да го правите затоа што само со ослободување од токсините ќе успеете д а се ослободите од масните наслаги.


10. Гледајте фотки од себе си кога сте биле мали и на плажа

Погледнете колку сте биле среќни тогаш и колку безгрижно сте уживале во песочните плажи и морскатата вода.


11. Сфатете дека веќе имате бикини тело затоа што имате тело на кое физички можете да облечете бикини

Прилично логички нели? Имате тело и имате бикини кројка која одговара на вашето тело. Толку е едноставно.


12. И знајте дека сте многу повеќе од само вашето тело

Сакате вода, сакате убави искуства и доживувања и што е најважно го сакате сонцето. Слободно уживајте во тоа. Никој не може да ве спречи само затоа што мислите дека не сте доволно добри за да облечете бикини.

Би можело да ве интересира:

Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
Совети за нега на стапала на студено време + маски што можете да ги направите дома Купката со топла вода, и тоа само неколку минути дневно, може да ви направи знач...
4 фризури со шишки кои изгледаат добро на секаков тип коса Овие видови шишки прилегаат и на жени со права, но и на жени со прекршена и кадр...
7 работи кои прават да изгледате постаро отколку што сте навистина Темен лак за нокти кој ви ги нагласува несовршеностите на рацете и прстите, обле...
Шминки што треба да ги избегнувате по 40-тата година (прават да изгледате постаро) Многу темно моливче за веѓи, како и многу светол, скоро бел коректор кој не е со...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg