Хит интимна фризура која жените ја сакаат ова лето
Исто како и кај „обичните“ фризури, ова лето подложна на промени ќе биде и интимната зона кај жените.
Едно време популарна беше бразилската депилација, потоа во мода се врати природниот изглед, а сега изгледа хит е најпопуларната комбинација од овие две фризури.
Најновиот тренд се нарекува full-bush brazillian, или во слободен превод пошумена бразилка.
Звучи чудно и како вистински оксиморон затоа што бразилката подразбира целосно отстранување на влакната, а е искомбинирана со потполно природниот изглед.
За што точно се работи?
Ова е интимна фризура идеална за жените кои не знаат за што да се одлучат или само сакаат да пробаат нешто ново.
При депилирањето се отстрануваат влакненцата околу срамните усни и задниот дел, но горниот дел останува целосно недопрен.
Распоредот е малку чуден, но сепак многу жени низ светот веќе ја испробаа оваа фризура.
Би пробале и вие?