Работи кои треба да ги знаете пред депилација на бикини зоната

Летото веќе дојде, а сѐ што сакате да правите е да се лежите на некоја песочна плажа и да поминете со часови во одмарање, пиење коктели и разладување во водата...

raboti-koi-treba-da-gi-znae-pred-depilacija-na-bikini-zonata-1

Пред да ги облечете бикините, морате да го подготвите телото, а тоа подразбира уредна бикини зона.

Овие совети мора да ги запомните пред да се депилирате со восок:

Кремите за депилација не се ефикасни

Има многу креми кои ветуваат целосно отстранување на влакненцата од интимните деловите на телото, но не функционираат баш така. Болките од неколку минути со користење на восокот ќе ви бидат далеку покорисни од кремите.


Не се депилирајте 5 дена пред или после менструација

Вашата кожа и интимните делови се чувствителни пред и после менструацијата, па затоа избегнувајте да го користите восокот во овој период.


Пилинг пред восок

Користете органски пилинг за бикини зоната пред да се депилирате со восок, бидејќи кога ќе се испотите другите препарати за пилинг можат да предизвикаат иритација на кожата.


Восокот користете го 3 дена пред да облечете бикини

Црвенилото е задолжително после депилацијата со восок. Затоа, депилирајте се најмалку три дена пред да одите на одмор.


Одредете што сакате

Постојат разни видови на восок и затоа мора да знаете што сакате. Бразилската депилација значи целата област да биде депилирана. Постојат разни видови на восок како мек за потенки влакна или посилен за подебели влакна. Одлуката е на вас.


Состојба на влакненцата

Употребувајте регентератор за коса, кој ќе направи влакненцата да бидат помеки и полесни за отстранување. Освен тоа, меките влакна нема да растат толку брзо.


Време на чекање

Помеѓу две депилации треба да чекате од 3 до 6 недели, а треба да почнете неколку месеци пред летото. Со тек на време влакненцата ќе ослабат, па и времето помеѓу депилацијата ќе се продолжи. Не се препорачува веднаш да одите на плажа после депилација, а доколку отидете задолжително користете крема со заштитен фактор.


Смирување на кожата после депилација

Болката од депилацијата можете да ја намалите со користење на ладни облози. Ставете ладни облози од камилица на бикини зоната, а потоа намачкајте се со хидрадантна крема. Ден или два после депилацијата се препорачува да носите лесна облека која нема да ви направи иритација на кожата.


Разговарајте со козметичарката

Без разлика колку добар козметичар ќе одберете, тој нема да ги прочита вашите мисли. Кажете и на оваа личност доколку имате проблем, доколку восокот е премногу топол или ве боли, едноставно разговарајте.

Би можело да ве интересира:

Дали влакната растат погусти и што друго треба да знаат жените пред да го избричат лицето? Иако кожата може да биде помека, важно е да знаете дека бричењето на лицето не е...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...
Популарни митови за нега на кожа од Инстаграм и ТикТок (кои можат да бидат и штетни) Не ви требаат 10 продукти за нега на кожа и ако некој продукт ви предизвикува ир...
Грешки во рутината за убавина што ги правиме во лето (а можат да бидат штетни) Дали ставате балсам за усни со фактор? А, дали имате навика да ги бричите нозете...
Третмани за убавина кои треба да ги направите пред одмор за да изгледате совршено на плажа Депилација наместо бричење и гелни нокти наместо обичен лак – кои третмани ќе ви...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg